„НИЕ ЕВРОПЈАНИТЕ ЈА ИМАМЕ НАШАТА СУДБИНА ВО СВОИ РАЦЕ“, МУ ВРАТИ МЕРКЕЛ НА ТРАМП

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Берлин,(Гардијан)

    „НИЕ ЕВРОПЈАНИТЕ ЈА ИМАМЕ НАШАТА СУДБИНА ВО СВОИ РАЦЕ“, МУ ВРАТИ МЕРКЕЛ НА ТРАМП

    Ангела Меркел отсечно му одговори на Доналд Трамп откако тој не го поддржа НАТО и навести дека нема да ја поддржи кохезијата на ЕУ кога ќе стапи на функција.

    „Ние Европјаните ја имаме нашата судбина во свои раце. Тој уште еднаш ги претстави своите позиции. Моите позиции исто така се познати“, рече Меркел по објавувањето на интервјуто со новоизбраниот претседател на САД во британски „Тајмс“ и во германски „Билд“.

    Во интервјуто, Трамп се пожали дека НАТО е „застарена зашто не води сметка за тероризмот“, коментар што Кремљ го одобри. Тој сугерираше дека другите европски земји треба да ја следат Британија и да излезат од ЕУ.

    Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер рече дека критиките за НАТО предизвикале загриженост во воената и политичка алијанса.

    „Разговарав со министрите за надворешни работи на ЕУ и на НАТО и оценката е дека сигналите значат оти нема олеснување на тензиите“, рече Штајнмајер.

    Други високи членови на владата на Меркел побрзаа да ја одбранат германската политика, откако Трамп го критикуваше начинот на кој канцеларката се справува со бегалската криза и се закани со 35% царина за колите на „Бе-Ем-Ве“ увезени во САД.

    Како одговор на изјавата на Трамп дека Меркел направила „катастрофална грешка“ со тоа што го примила бранот бегалци во земјата, вицеканцеларот и министер за економија Зигмар Габриел изјави дека зголемениот број на бегалци од Блиски Исток кои бараат азил во Европа е делумно резултат на војните под водство на САД кои го дестабилизираат регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира