ОБВИНЕТ ЗА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА ТАТКОТО НА ДЕЦАТА КОИ ЈА ПРЕЖИВЕАЈА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО АМАЗОНСКАТА ЏУНГЛА

    ОБВИНЕТ ЗА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА ТАТКОТО НА ДЕЦАТА КОИ ЈА ПРЕЖИВЕАЈА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО АМАЗОНСКАТА ЏУНГЛАДецата на возраст од 13, 9 и 4 години и 11 месеци, беа хоспитализирани повеќе од еден месец, откако беа спасени во јуни. (Фото: АП)

    Колумбиското обвинителство вчера поднесе обвинение за сексуална злоупотреба против таткото на две од четирите домородни деца кои во мај преживеаја авионска несреќа во регионот на Амазон. Децата од народот Хуито исчезнаа откако падна малиот авион со кој патуваа, при што загина нивната мајка и уште двајца возрасни, а беа пронајдени по 40 дена во џунглата.

    Во соопштението, обвинителите го обвинија Мануел Ранок дека сексуално ја злоупотребил својата 13-годишна поќерка, која беше заслужна за тоа дека таа и нејзините помлади браќа и сестри преживеаја 40 дена во амазонската џунгла, вест што ја пренесе целиот свет. Раноке, кој беше уапсен во петокот, е обвинет дека ја злоставувал својата почерка уште од 10-годишна возраст, се вели во соопштението.

    Децата, на возраст од 1 до 13 години, беа хоспитализирани повеќе од еден месец, откако беа спасени во јуни. Оттогаш, тие се под грижа на колумбискиот Институт за семејна благосостојба, а обвинителите тврдат дека вработените таму првпат се посомневале оти имало сексуална злоупотреба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира