ПОЧИНА СИМОН ВЕЛ, ФРАНЦУЗИНКАТА ШТО ГО ПРЕЖИВЕА АУШВИЦ И ГО ЛЕГАЛИЗИРА АБОРТУСОТ

    ПОЧИНА СИМОН ВЕЛ, ФРАНЦУЗИНКАТА ШТО ГО ПРЕЖИВЕА АУШВИЦ И ГО ЛЕГАЛИЗИРА АБОРТУСОТ

    Француската политичарка Симон Вел, борец за права на жените која го преживеа холокаустот, почина на 89 години. Најпозната во Франција по нејзината клучна улога во легализирањето на абортусот во 1970-тите, таа беше избрана за прв претседател на Европскиот парламент. Вел, либерална политичарка, подоцна повторно влезе во француската политика, враќајќи се во владата во 1990-тите.

    Претседателот Емануел Макрон ја нарече „инспиративна” и најдоброто од Франција.

    Таа стана една од 40-те „бесмртни” на Француската академија во 2010 – голема чест во Франција.

    Вел беше француски министер за здравство од 1974-1979 година, кога го олесни пристапот до контрацепција и победи во долгата битка за легализирање на абортусот. Законот за легализирање на абортусот, донесен во 1975, е познат како „Законот на Вел”

    Вел беше француски министер за здравство од 1974-1979 година, кога го олесни пристапот до контрацепција и победи во долгата битка за легализирање на абортусот. Законот за легализирање на абортусот, донесен во 1975, е познат како “Законот на Вел”.

    Симон Вел стана европска пратеничка на европските избори во 1979  и беше избрана за претседателка на парламентот. Таа подоцна стана лидер на либералната групација во парламентот, а се повлече како европратеник во 1993. Таа повторно стана француски министер, пред да биде назначена во уставниот совет на Франција.

    Симон Вел се врати во Аушвиц во 2005, на одбележувањето на 60-годишнината од ослободувањето

    Родена е во Ница во 1927 како Симон Јакоб, а целата нејзина фамилија беше уапсена од Германците во 1944. Нејзиниот татко и брат биле транспортирани во источна Европа и никогаш не се вратија. Тинејџерката Симон била испратена во Аушвиц-Биркенау, а потоа во Берген-Белсен со мајка ѝ  и најстарата сестра. Нејзината мајка починала непосредно пред ослободувањето. Нејзината друга сестра, Дениз, му се придружи на францускиот отпор и беше затворена во концентрациониот логор Равенсбрик. Трите сестри ја преживеаја војната, но најстарата, Мадлен, загина во сообраќајна несреќа во 1950-тите.

    Вел беше во брак со починатиот Антоан Вел повеќе од 60 години, а имаа три деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира