ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МЕТА ГИ ОДЛОЖИ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО АЛБАНИЈА ПОРАДИ ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МЕТА ГИ ОДЛОЖИ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО АЛБАНИЈА ПОРАДИ ПОЛИТИЧКАТА КРИЗАСоопштението на Мета дојде кусо пред протестите во кои демонстрантите кои бараат оставка на премиерот Еди Рама фрлаа димни бомби и петарди пред парламентот во Тирана, а полицијата ги растера со солзавец. (Фото: Ројтерс)

    Албанскиот претседател Илир Мета синоќа го одложи одржувањето на локалните избори закажани за 30 јуни, среде антивладините протести кои се одржуваат со месеци. Мета кажа дека политичката ситуација во Албанија нема да дозволи фер избори и искажа голема загрженост за длабоката политичка криза во земјата поради „несогласувањето на ниту една страна“ да се седне на дијалог. Тој најави дека подетално образложение за причините за одлагање на изборите ќе даде утре.

    Премиерот Еди Рама, кој е на власт од 2013, веднаш одговори дека избори на 30 јуни ќе има.

    Соопштението на Мета дојде кусо пред протестите во кои демонстрантите фрлаа димни бомби и петарди пред парламентот во Тирана, а полицијата ги растера со солзавец. Демонстрантите бараат оставка на Рама, а опозициските групи го обвинуваат за изборни измами и корупција и бараат предвремени избори. Тие бараат и преодна влада и одбија да преговараат со премиерот.

    Љуљзим Баша, лидеорт на опозиционата Демократска партија, ги повика демонстрантите да протестираат се додека Рама не си даде оставка.

    Многу јавни личности, меѓу кои и претседателот Мета, рекоа дека тековната политичка криза и поделеност ги загрозуваат аспирациите на Албанија за влез во ЕУ.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари