РОДИТЕЛИ НА ЗАГИНАТИТЕ ДЕЦА ВО МАСАКРОТ ВО ТЕКСАС ЌЕ ГО ТУЖАТ ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА ОРУЖЈЕТО

    РОДИТЕЛИ НА ЗАГИНАТИТЕ ДЕЦА ВО МАСАКРОТ ВО ТЕКСАС ЌЕ ГО ТУЖАТ ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА ОРУЖЈЕТОСе очекуваат тужби за тужби против „Даниел Дефенс“, производителот на полуавтоматската пушка користена во минатонеделниот масакр во основно школо во кој загинаа 21 лице од кои 19 деца. (Фото: АП)

    Таткото на 10-годишното девојче убиено во пукањето во училиштето во Увалде, Тексас, и вработен во училиштето, ги презеле првичните чекори кои би можеле да доведат до тужби против „Даниел Дефенс“, производителот на полуавтоматската пушка користена во минатонеделниот масакр во кој загинаа 21 лице од кои 19 деца.

    Адвокатите на Алфред Гарза, татко на ученичката од основното училиште „Роб“ Амери Џо Гарза, вчера со писмо побараа „Даниел Дефенс“ да им даде информации за своето рекламирање на тинејџери и децата.

    „Бараме од вас да започнете да ни давате информации сега, наместо да го принудите Гарза да поднесе тужба за да ги добие“, се вели во писмото.

    18-годишниот напаѓач од Увалде, Салвадор Рамос, упадна во училиштето на 24 мај и уби 19 ученици и двајца наставници пред да биде убиен од полицијата. Тој легално го купил својот прв пиштол на неговиот 18-ти роденден на 17 мај.

    Џош Коскоф, адвокатот на Гарза, го водеше случајот за пукањето во основното училиште „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат во 2012, што доведе до спогодба од 73 милиони долари отштета од производителот на оружје „Ремингтон“ во февруари. Тоа е првата значајна спогодба за масовно пукање против производител на оружје, кои се заштитени со федерален закон од тужби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира