ТРОЈЦА СИРИСКИ БЕГАЛЦИ ГО ФАТИЛЕ ИЗБЕГАНИОТ БОМБАШ И ГО ПРЕДАЛЕ НА ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Кемниц,(БИ-БИ-СИ)

    ТРОЈЦА СИРИСКИ БЕГАЛЦИ ГО ФАТИЛЕ ИЗБЕГАНИОТ БОМБАШ И ГО ПРЕДАЛЕ НА ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА

    Тројца сириски бегалци во Германија го совладале осомничениот бомбаш кого елитните командоси го барале 2 дена откако им избегал, соопшти полицијата. Полицијата верува дека Џабер ал-Бакр, исто така Сириец, планирал бомбашки напад и имал врски со Исламска држава (ИД). Полицијата не успеала да го уапси во саботата, и нашла 1,5 кила експлозиви во неговиот стан во источногерманскиот град Кемниц.

    Тој избегал во Лајпциг и побарал помош од сонародници Сиријци, кои потоа го предале на полицијата. Деталите за улогата на тројцата Сиријци излегуваат полека, зашто полицијата се плаши дека има ризик за одмазда кон нив.

    Осомничениот бомбаш дошол кај еден од сириските бегалци на главната железничка станица во Лајпциг и го прашал дали може да преспие во неговиот стан, пишуваат геманските медиуми. Иако знаел кој е, човекот го примил бомбашот во неговот стан, каде тој и уште двајца негови цимери го совладале.

    Тие разбрале дека има потера по него, па го врзале и еден од нив седнал врз него, рече шефот на полицијата во Саксонија.ЕДен од нив тројцата го сликал со мобилка и патувал 20 километри до полициската станица на другиот крај на градот. Нешто по полноќ во неделата, антитерористичките командоси дошле во станот и го уапсиле Џабер ал-Бакр.

    Веста дека тројца сириски бегалци го фатиле бомбашот што ѝ избегал на полицијата, предизвика бура коментари и потсмев за антиисламското екстремнодесничарско движење Пегида што е популарно во Источна Германија, кое демонстрира против имигрантите во Дрезден.

    „Сиријци го предадоа бомбашот. Јас славам. А вие, Пегида?“, твитна еден жител на Дрезден. Друг се обрати на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) која има агресивни кампањи против бегалците:„Сиријци предале осомничен терорист на полицијата – тоа е токму таа граѓанска претпазливост што АфД и Пегида сакаат да ја удават“. „Среќни сме дека не се сите странци исти“, изјави една постара жена за германската новинска агенција ДПА.

    Канцеларката Ангела Меркел им се заблагодари на сириските бегалци, а премиерот на Саксонија Станислав Тилих ги пофали тројцата Сиријци кои го совладале терористот како „храбри и одговорни“. Тројцата ги сметаат за сведоци и локалната полиција проверува дали претходно го знаеле бомбашот.

    Според полицијата, разузнавачките власти го следеле Џабер ал-Бакр веќе неколку месеци. Тој влегол нелегално во Германија во февруари 2015 и добил бегалски статус. Според сирискиот пасош, роден е во предградие на Дамаск во јануари, 1994. Германското разузнавање минатата недела имало дојава дека тој можеби планира бомбашки напад и ја алармирале полицијата на источната држава Саксонија. Во четвртокот, откриле дека на Интернет барал упатства за правење бомби и дека набавил експлозив. Во петокот, антитерористичката полиција го ставила под присмотра станот во сиромашното маало Фриц Хекерт во Кемниц. Се спремале за рација кога Бакр успеал да им избега.

    „Му беше речено да застане, и беше испукан предпредувачки куршум во воздух, но не можевме да пукаме во него оти имаше и други луѓе наколу“, рече полицијата.

    Веднаш беше дадена тревога, со повици на радио и ТВ, а најважно, полицијата ја рашири веста на Интерент на англиски и арапски. Не е потврдено, но има сомнежи дека цел на бомбашот бил аеродромот во Берлин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира