УАПСЕНИ ТРОЈЦА СИРИЈЦИ ИСПРАТЕНИ ОД ИД ЗА НАПАДИ ВО ГЕРМАНИЈА

a:1:{s:13:"td_source_url";s:51:"Германија,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УАПСЕНИ ТРОЈЦА СИРИЈЦИ ИСПРАТЕНИ ОД ИД ЗА НАПАДИ ВО ГЕРМАНИЈА

    Tројца Сиријци се уапсени во Германија, осомничени дека се испратени од таканаречената Исламска држава (ИД) за да изведуваат напади, велат обвинителите. Осомничените мажи на возраст 17, 18 и 26 години, беа притворени после серија рации денеска рано наутро во Шлезвиг-Холштајн, Долна Саксонија.

    Полицијата изјавува дека фатила „обемен материјал“. Меѓутоа, сѐ уште не се откриени конкретни мисии или наредби, изјавија од канцеларијата на федералниот јавен обвинител. Досегашните истражувања укажуваат дека тројцата Сиријци се дојдени во Германија во ноември 2015, со цел да ја спроведат предходно издадената наредба или да чекаат дополнителни инструкции. Се смета дека тие патувале со лажни пасоши преку Турција и Грција. Иследниците  веруваат дека осомничените волонтирале за мисијата и дека 17-годишниот бил обучен за управување со оружје и експлозив.Тие биле уапсени кога 200 полицајци и безбедносни офицери изведоа рации во неколку објекти, меѓу кои и три бегалски засолништа.

    Германија го достигна врвот со серијата напади летово. За време на една недела во јули, десетмина биле убиени,а многу повеќе повредени во посебни напади со пиштоли, бомби, секири и ножеви во јужниот дел на државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира