САД издадоа целосно одобрение за употреба на вакцината на „Фајзер“ против ковид-19, пресвртница која може да ја зголеми довербата на јавноста во вакцината и да овозможи многу компании, универзитети и локални власти вакцинацијата да ја направат задолжителна.
Формулата на „Фајзер“ и германскиот партнер „Бионтек“ сега има целосно одобрение од Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА), која како никогаш досега имаше толку многу докази за да ја оценува безбедноста на вакцината. Над 200 милиони дози од „Фајзер“ се дадени во САД досега, и уште стотици милиони насекаде низ светот од декември лани. Но, во САД досега вакцината се даваше со авторизација на ФДА за итна употреба.
„Јавноста треба да биде сосем сигурна дека оваа вакцина ги исполнува високите стандарди за безбедност, ефикасност и производствен квалитет кои ФДА ги барa за одобрување на лек“, рече директорката на ФДА Џенет Вудкок.
САД во моментов се борат со делта сојот на коронавирусот, поради што капацитетите на болниците се под пртисок, а во многу области и се исполнети. Поради тоа, се зголеми интерсот за вакцинција, и викендов достигна по милион вакцинирани дневно. Нешто над половината од населението на САД е вакцинирано со една од трите вакцини во земјата, на „Фајзер“, „Модерна“ или „Џонсон и Џонсон“. „Модерна“ исто така аплицираше за целосно одобрение, а од „Џонсон и Џонсон“ велат дека се надеваат да аплицираат подоцна годинава.