ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 НА ПРИЈАВЕНИ 1.800 ДЕЦА ОД 12-16 ГОДИНИ

    ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 НА ПРИЈАВЕНИ 1.800 ДЕЦА ОД 12-16 ГОДИНИЗаклучно со завчера вакцинирани со една доза се вкупно 453.773 граѓани. (Фото: К. Попов)

    Илјада и осумстотини деца на возраст од 12-16 години се пријавени досега на Мој термин за вакцина против ковид-19. Имунизацијата за оваа возрасна група почнува утре, и тоа само со вакцината на „Фајзер“.

    „Мора да се закажуваат термини затоа што вакцината на ‘Фајзер’ кога еднаш ќе се отвори мора да се вакцинираат 6 лица, бидејќи во вијалата има 6 дози. Ако се јави 1 или 2 деца има голем ризик да се фрлат одреден број вијали. А, тоа не сакаме да се случи . Затоа родителите и старателите ќе може да ги регистрираат децата“, рече минатата недела министерот за здравство Венко Филипче.

    Оние деца кои немаат здравствено осигурување, или немаат одбрано матичен лекар, ќе може да се вакцинираат против ковид-19, а информации за термините ќе може да добијат директно на вакциналните пунктови каде ќе се одвива вакцинација на деца.

    Заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 453.773 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 6.076 граѓани, а завчера вкупно се вакцинирале 10.817 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 725.902 дози вакцини, а ревакцинирани се 272.129 граѓани.

    Со последните бројки, 58% од пријавеното население над 70 години има примено барем една доза вакцина, 55% од пријавеното население над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 51% од пријавеното население над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 41% од пријавеното население над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

    Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира