НАЈМЛАДИОТ ПОЧИНАТ ОД КОВИД, А ВАКЦИНИРАН, Е 48-ГОДИШНИК СО КАРДИОЛОШКА БОЛЕСТ И ДИЈАБЕТ

    НАЈМЛАДИОТ ПОЧИНАТ ОД КОВИД, А ВАКЦИНИРАН, Е 48-ГОДИШНИК СО КАРДИОЛОШКА БОЛЕСТ И ДИЈАБЕТОд 26-те починати, а вакцинирани лица, двајца примиле „Фајзер“, а најмногу, 17 лица, „Синофарм“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сто и пет лица починале од ковид-19 од 8 до 14 октомври,  од кои 26 биле вакцинирани и сите освен еден биле со хронични заболувања. Од 26-те лица, најмладиот починат е 48-годишно лице со кардиолошко и белодробно заболување и дијабетес. Од вакцинираните починати, едно лице, немало хронично заболување и имало 80 години, соопшти Министерство за здравство.

    Двајца од починатите пациенти биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, тројца со „АстраЗенека“, четири починати пациенти со ковид-19 примиле вакцина „Синовак“, а 17 пациенти примиле вакцина од „Синофарм“.

    За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

    Во извештајот на Министерството, по датуми се наведени починатите лица од ковид-19 и заболувањата на вакцинираните лица

    8 октомври

    Пријавени за починати 16 пациенти со ковид-19, 5 од починатите биле вакцинирани:

    • 84 год. кардиолошко заболување
    •  62 год. кардиолошко заболување
    • 78 год. кардиолошко заболување
    • 63 год. кардиолошко заболување и дијабет
    • 73 год. кардиолошко заболување и дијабет

    9 октомври

    Пријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.

    10 октомври

    14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани.

    • 64 год. кардиолошко и малигно заболување
    • 59 год. со кардиолошко заболување
    • 68 год. кардиолошко заболување и дијабет

    11 октомври

    18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани:

    • 72 год. кардиолошка и белодробна болест
    • 69 год кардиолошка болест
    • 81 год кардиолошка болест и дијабет
    • 76 год кардиолошка болест
    • 64 год белодробно заболување
    • 56 год кардиолошко заболување

    12 октомври

    6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години – нема хронично заболување;

    13 октомври

    • 20 пријавени за починати, 8 вакцинирани:
    • 61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам
    • 80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
    • 77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
    • 48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
    • 72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување
    • 77 год. кардиолошко и белодробно заболување
    • 78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
    • 71 год. кардиолошко заболување

    14 октомври

    13 пријавени за починати, 4 вакцинирани:

    • 75 год. крдиолошко заболување
    • 74 год. кардиолошко заболување и дијабет
    • 64 год. кардиолошко заболување и дијабет
    • 77 год. невромускуларно заболување

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира