СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 КАЈ ДЕЦАТА, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 КАЈ ДЕЦАТА, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕЕкипи на Центарот за јавно здравје Скопје денес го почнаа тестирањето за ковид-19 во Средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Се намалува бројот на новозаболени од ковид-19 кај децата, стои во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во извештајот за период од 11 до 17 октомври, стои дека се регистрирани 2.206 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 6,2% во однос на минатата недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (628, 28,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (66; 3,0%).

    Од регистрираното вкупно намалување на бројот на случаи, се забележува и намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи поединечно, вели ИЈЗ. Намалувањето се движи од -0,3% кај лицата над 60 годишна возраст до -21,4% кај децата на возраст од 0-9 години.

    За споредба, од 4-10 октомври, кај децата од 0-9 биле регистрирани 84 нови случаи, (3,6%).

    Во текот на мината недела вкупно се пријавени 34 реинфекции, исто како и претходната неделa.

    Во земјава има 6.719 активни случаи на ковид-19. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во земја е вакцинирана со една, а 35% со две дози вакцина.

    Средношколци од скопските училишта „Д-р Панче Караѓозов“ и „Зеф Љуш Марку“ денес беа првите во земјава кои се тестираа за ковид-19, како дел од процесот на Министерството за здравство и Министерството за образование и наука (МОН).

    Денес се тестираат 258 средношколци од Скопје, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

    „Согласно здравствените власти, секако дека е потребна ваква операција, ние сме тука да помогнеме. Сите сме свесни дека пандемијата сѐ уште не е помината и дека и дека сите мора да направиме сѐ што може за да за да се зашттиме што е можно повеќе“, вели Маја Салиу, директорка на Средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“.

    Вкупно, 8.178 ученици од 80 општини и градот Скопје, од 364 основни и 109 средни училишта низ земјава ќе бидат опфатени со скринингот за рано детектирање и превенција од ковид-19.

    Тестирањето се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето. Тестирањето ќе трае помалку од една минута.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира