УТРЕ ЌЕ ДОЈДАТ 100 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ НА „ФАЈЗЕР“, НА 27 ЈУНИ 500 ИЛЈАДИ НА „СИНОВАК“, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ

    УТРЕ ЌЕ ДОЈДАТ 100 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ НА „ФАЈЗЕР“, НА 27 ЈУНИ 500 ИЛЈАДИ НА „СИНОВАК“, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕВо земјава вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Кинеските вакцини против ковид-19 на „Синовак“ ќе стигнат во Скопје в недела, 27 јуни, со два авиона во 14 и во 16 часот, со две пратки со по 250 илјади вакцини, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Направен е план за складирање на две места, во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје и на Институтот за судска медицина, а во понеделник или вторник (28 или 29 јуни) ќе бидат пуштени во употреба и дистрибурирани низ државава.

    Министерот кажа и дека утре се очекува да стигнат околу 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку Ковакс механизмот.

    На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 281.847 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 3.263 граѓани, а вкупно се вакцинирале 5.407 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани.

    Преку веб платформата вакцинација.мк досега се пријавиле 458.040 граѓани.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира