ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ОД КОВИД-19 ПОЧИНАА 124 ЛИЦА, ОД КОИ 27 БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ

    ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ОД КОВИД-19 ПОЧИНАА 124 ЛИЦА, ОД КОИ 27 БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИВо земјава целосно вакцинирано е 35 отсто од населението. (Фото: СДК.МК)

    Од 15 до 21 октомври по компликации од ковид-19 во земјава починале 124 лица, од кои 97 пациенти (78 отсто) биле невакцинирани, а 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина, стои во неделниот извештај на Министерството за здравство.

    За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

    Од починатите вакцинирани, најмногу, 16, ја примиле вакцината на производителот „Синофарм“, шест биле вакцинирани со „Синовак“, по двајца со „АстраЗенека“ и „спутник“, а еден со „Фајзер“.

    Министерството ја сподели и информацијата за возраста и хроничните заболувања што ги имале пациентите  кои починале со ковид, а биле вакцинирани.

    15 октомври
    71 год. кардиолошко заболување
    80 год. кардиолошко заболување
    75 год. кардиолошко заболување ДМ

    16 октомври
    69 год. кардиолошко заболување и дијабет
    72 год. со кардиолошко заболување и заболување на тироида
    74 год. кардиолошко заболување и дијабет
    68 год. каридолошко заболување и обеситас

    17 октомври
    87 год. кардиолошко и пулмолошко заболување
    86 год. кардиолошко заболување и дијабет
    65 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас
    75 год. кардиолошко заболување
    80 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување
    63 год. кардиолошко заболување
    69 год. каридолошко заболување и белодробно заболување
    71 год. кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабет
    69 год. кардиолошко заболување и обеситас

    18 октомври
    68год. кардиолошко заболување
    72год. белодробно заболување
    80год. кардиолошко и белодробно заболување

    19 октомври
    74год. кардиолошко заболување и обеситас
    83год. ХТА (хипертензија) АБИ
    81год. ХТА

    20 октомври
    79год. ХБИ (хронична бубрежна болест)
    79год. ХОББ  (хронична опструктивна белодробна)и кардиолошко заболување
    67год. кардиолошко заболување

    21 октомври
    93год. кардиолошко заболување
    89год. ХТА белодробно заболување

    Во земјава од ковид-19 досега починаа 7.072 лица.

    Вчера се аплицирани  вкупно 7.739 дози вакцини, од кои 748 се аплицирани како прва доза, 1.629 се ревакцинирани, а 5.362 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165 а трета доза примиле 15.851 граѓани.

    54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

    Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира