ТУЖЕТЕ ГИ ОПШТИНИТЕ ЗА НЕИСЧИСТЕНИОТ СНЕГ И МРАЗ, НЕ ТРПЕТЕ ПОВРЕДИ, ВЕЛИ ОМБУДСМАНОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТУЖЕТЕ ГИ ОПШТИНИТЕ ЗА НЕИСЧИСТЕНИОТ СНЕГ И МРАЗ, НЕ ТРПЕТЕ ПОВРЕДИ, ВЕЛИ ОМБУДСМАНОТ

    Над 160 повредени граѓани со скршеници на колкови, рачни и зглобови на нозете се регистрирани само во Скопје откако падна снегот, како последица на замрзнати неисчистени тротоари, патеки и улички, а уште нема ниедна тужба пред Управниот суд против општините, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Судот.

    Граѓаните не поднесуваат ни претставки до Народниот правобранител поради неодговорното однесување на општините кое ги чини здравје, а може и живот.

    “Луѓето повеќе се научени да трпат отколку да бараат правда. Мислат дека ова со смрзнатите тротоари и улици е работа што треба да се трпи, дека е природно, не знаат дека општините треба да издвојуваат средства секоја година во буџетот за да ги расчистуваат навреме улиците и оти тоа е нивна одговорност”, вели Народниот правобранител Иџет Мемети.

    Неисполнувањето на законските обврски и должности од општините за расчистувањето на снегот претставува нарушување на правата на граѓаните, особено во поглед на правата кои произлегуваат од уставно загарантираните права за животната средина и опкружувањето, укажува Мемети.

    Настраданите граѓани од нерасчистените снег и мраз може да поднесат тужба против локалните власти и локалното комунално претпријатие од општината во која живеат, бидејќи според Законот за јавна чистота, таа одговорност им припаѓа ним. Ако тужителот го добие спорот против тужениот субјект од локалната самоуправа, потоа оди во граѓанска парница, т.е. покренува спор пред надлежниот граѓански суд, за надомест на штета.

    Во Основниот суд Скопје 2 судиите со кои разговаравме велат дека до сега се случувало да има тужби против општините за надомест на штета од граѓани кои се повредиле од паѓање на замрзнати улици, тротоари и плоштади, но се многу, многу ретки.

    Настраданите граѓани од нерасчистените снег и мраз може да поднесат тужба против локалните власти и локалното комунално претпријатие од општината во која живеат, бидејќи според Законот за јавна чистота, таа одговорност им припаѓа ним (Фото: Ѓ. Личовски)

    Настраданите граѓани од нерасчистените снег и мраз може да поднесат тужба против локалните власти и локалното комунално претпријатие од општината во која живеат, бидејќи според Законот за јавна чистота, таа одговорност им припаѓа ним (Фото: Ѓ. Личовски)

    Граѓанинот ќе ја адресира тужбата во зависност од местото на паѓање, односно дали просторот за чистење на снегот е во надлежност на општината или пак на правното лице (комуналното претпријатие). Треба притоа да обезбеди медицинска потврда и документација за повредата.

    Во членот 7 од Законот за јавна чистота се пропишува дека одржувањето на јавната чистота и чистењето на снегот и мразот во зимски услови на јавните површини го врши јавно претпријатие за комунални услуги, основано од општината, општините во Градот Скопје и Градот Скопје.

    „Општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје се должни да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи. Во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на јавни објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите“, се вели во Законот за јавна чистота.

    „За чистење на снегот од тротоарите пред станбените објекти, за посипување на тротоарите со соодветен материјал во случај на голомразица, за чистењето на снегот од сопствените дворови, како и за чистење на снегот од покривите, ако тоа претставува опасност за минувачите или за самиот објект, се грижат сопствениците, односно закупците на објектите.

    Глоба од 1.000 евра следи за правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред објектот, а од 4.000 евра за правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови. Исто така, глоба во висина од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице следи и за одговорното лице во правното лице.

    Коментари