МАКРОН ПРЕД ПУТИН ГИ ОБВИНИ „СПУТНИК“ И „РАША ТУДЕЈ“ ЗА ПРОПАГАНДА СО ЛАЖНИ ВЕСТИ

    МАКРОН ПРЕД ПУТИН ГИ ОБВИНИ „СПУТНИК“ И „РАША ТУДЕЈ“ ЗА ПРОПАГАНДА СО ЛАЖНИ ВЕСТИ„Раша тудеј и Спутник не се однесуваа како медиуми и новинари, туку како органи за влијание, пропаганда и лажна пропаганда", рече Макрон на прес конференцијатасо Путин во Париз(Фото: АП)

    Францускиот претседател Емануел Maкрон денеска остро критикуваше два руски медиуми – додека рускиот претседател Владимир Путин стоеше до него. Макрон, на заедничката прес-конференција со Путин во Париз, беше прашан од новинар зошто одбил да им овозможи пристап во неговиот изборен штаб на некои руски медиуми.

    Макрон, чија кампања беше цел на голем сајбернапад непосредно пред неговата победа на изборите минатиот месец, а безбедносните фирми во тоа најдоа траги од руски оперативци, ги обвини „Раша тудеј“ (Русија денес) и „Спутник“ за ширење дезинформации.

    “Раша тудеј и Спутник се влијателни медиуми што неколку пати објавија невистини за мене и за мојата кампања”, рече Макрон. „И тоа е причината зошто тие не беа поканети во мојот штаб. Сите медиуми, вклучително и руските, имале пристап до мојата кампања. Односите се секогаш исти. Но, Раша тудеј и Спутник не се однесуваа како медиуми и новинари, туку како органи за влијание, пропаганда и лажна пропаганда”.

    На прес-конференцијата, Путин изјави дека тој и Макрон не разговарале на тема мешање во изборите, но ги отфрли тврдењата дека Русија се обидела да влијае врз гласањето во Франција (Фото: АП)

    На прес-конференцијата, Путин изјави дека тој и Макрон не разговарале на тема мешање во изборите, но ги отфрли тврдењата дека Русија се обидела да влијае врз гласањето во Франција. Тој, исто така, застана во одбрана на предизборнатаа средба со Марин Ле Пен, главниот ривал на Макрон во кампањата во Франција. Путин рече дека би било чудно да нема средба со кандидатот кој изразил желба за затоплување на односите со Русија.

    Разузнавачката заедница на САД соопшти дека организирани руски напори стојат зад кампањата да се влијае на претседателските избори во САД лани, во обид да влијае на резултатот во корист на претседателот на САД, Доналд Трамп. ФБИ и конгресните комисии спроведуваат истраги за руското мешање и дали неки соработници на Трамп соработувале со руските официјални лица во тоа.

    Путин, исто така, негираше дека Русија се обиде да влијае на изборите во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира