9 НОЕМВРИ Е ДЕН И НА СРЕЌАТА И НА НЕСРЕЌАТА ВО ГЕРМАНСКАТА ИСТОРИЈА, РЕЧЕ МЕРКЕЛ НА ПРОСЛАВАТА ЗА 30 ГОДИНИ ОД ПАДОТ НА БЕРЛИНСКИОТ ЅИД

    9 НОЕМВРИ Е ДЕН И НА СРЕЌАТА И НА НЕСРЕЌАТА ВО ГЕРМАНСКАТА ИСТОРИЈА, РЕЧЕ МЕРКЕЛ НА ПРОСЛАВАТА ЗА 30 ГОДИНИ ОД ПАДОТ НА БЕРЛИНСКИОТ ЅИД„9 ноември нѐ потсетува дека човековите права не може да бидат земени засекогаш здраво за готово“, рече денес во Берлин Ангела Меркел (Фото: ДПА)

    Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди да не се зема демократијата здраво за готово, на церемонијата за одбележување на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

    „Нема толку висок ѕид кој ги радзвојува луѓето и кој ја ограничува слободата, кој не може да биде срушен“, додаде таа. Ѕидот повеќе од 28 години ги раздвојуваше Источен Берлин, кој беше под влијание на Советскиот сојуз и капиталистичкиот Западен Берлин за време на Студената војна.

    Меркел преупреди дека „вредностите врз кои е основана Европа: слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото, човекови права, сите тие се сѐ освен загарантирани и мора одвреме навреме да бидат ревитализирани и одбранети“.

    Граѓаните положија цвеќиња на остатоци од Ѕидот на денешната свеченост (Фото: Ројтерс)

    Канцеларката Меркел рече дека 9 ноември „ги претставува моментите на среќа и несреќа во историјата“, со оглед на тоа дека датумот потсетува на некои од најмрачните поглавја во германската историја.

    Меркел кажа дека 9 ноември e датумот кога нацистите започнале прогон кон еврејската заедница во Германија во 1938, како и дека е клучен датум во раните обиди на Хитлер да ја зграби власта во 1923, и затоа, како што рече, „ 9 ноември е потсетник дека мора да се спротивставиме на омразата, расизмот и антисемитизмот.

    На свеченоста пристуствуваа претседателите на Германија, Унгарија, Полска, Словачка и Чешка (Фото: Ројтерс)

    На одбележувањето во Берлин присуствуваа претседателите на Полска, Унгарија, Чешка и Словачка, но не и лидерите на Британија, Франција, Русија и на САД кои ја имаа управата на градот поделен на 4 зони по поразот на фашизмот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира