ВЕЉАНОСКИ ОДБИ ДА СВИКА ИТНА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ЗА ПОПЛАВАТА ШТО ОДНЕСЕ 22 ЖИВОТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЕЉАНОСКИ ОДБИ ДА СВИКА ИТНА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ЗА ПОПЛАВАТА ШТО ОДНЕСЕ 22 ЖИВОТИ

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски вчера одби да свика итна собраниска седница за катастрофалната поплава, откако академик Владо Камбовски го повика да го стори тоа и да се донесе закон за забрана на сите нестопански инвестиции, освен оние кои се од важност за безбедноста на државата и нивно пренасочување за потребите на илјадниците граѓани кои претрпеа стравотна материјална штета, изгубија најблиски, ги изгубија домовите.

    trajko veljanovski 01

    И покрај тоа што спикерот и пратениците имаат законско право да побараат да се свика итна седница, сепак, оставено е тоа да го побара некој друг, – Трајко Вељаноски

    Камбовски, во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК, рече дека Собранието треба да побара извештај од Владата што презема и какви мерки има во план за спас и санирање на енормните материјални штети на настраданите во поплавите во Скопје и околните населби и села под Скопска Црна Гора, во кои загинаа 22 луѓе.

    И покрај тоа што спикерот и пратениците имаат законско право да побараат да се свика итна седница, сепак, оставено е тоа да го побара некој друг.

    “Собранието стои на располагање да свика седница ако треба да се донесе закон или друг акт со кој ќе се олесни надминувањето на последиците од катастрофалната поплава“, изјави кабинетот на Вељаноски.

    Камбовски рече дека ова е шанса Собранието да смогне сили и да стави крај на нерационалните трошења на Владата.

    „Седница мора да има. Ова не е појава која се случила еднаш во илјада години. Ако се случила еднаш, ќе се случи пак,“ рече Камбовски и додаде: „Премиерот Емил Димитриев и министрите од Владата итно пред Парламентот да објаснат зошто Владата е збркана, како се справува со последиците од поплавите, зошто луѓето од поплавените подрачја се оставени сами на себе?“, вели тој.

    Oва е шанса Собранието да смогне сили и да стави крај на нерационалните трошења на Владата. вели академик Владо Камбовски (Фото: СДК.МК)

    Oва е шанса Собранието да смогне сили и да стави крај на нерационалните трошења на Владата. вели академик Владо Камбовски (Фото: СДК.МК)

    Деновиве на поплавените места, освен ретки исклучоци, пратениците воопшто ги немаше на терен. Вељаноски досега не се појави ниеднаш.

    Вчера, по четири дена од невремето, во населбата Ченто мајка и 4-годишната ќерка се најдени и спасени живи во кал. Обете се пренесени во болница. Сѐ уште се трага по 16-месечното дете кое било однесено во поплавата и е пријавено за исчезнато. Полицијата вчера немаше извештај за нови пријавени за исчезнати. Сепак, според активистите на теренот, се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем од сегашните 22.

    Во меѓувреме, експертскиот тим на Европската Унија вчера почна да ги врши проценките на штетите од невремето , соопшти евроамбасадорот на ЕУ во земјава, Аиво Орав. Експертите беа испратени, откако Македонија завчера го активираше Механизмот на ЕУ за цивилна заштита. Тимот покрај проценка на штетите, треба да им даде препораки на властите за цивилна заштита на национално и локално ниво околу санирањето на последиците.

    poplavi-stajkovci-singelic-4

    „Премиерот Емил Димитриев и министрите од Владата итно пред Парламентот да објаснат зошто Владата е збркана, како се справува со последиците од поплавите, зошто луѓето од поплавените подрачја се оставени сами на себе?“, вели академик Камбовски

    Дирекцијата за заштита и спасување вчера соопшти дека откако ќе се добие финалната листа на потреби од надлежните институции ќе се достави дополнително барање до механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

    Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) вчера соопшти дека заедно со Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) потпишале спогодба за измена на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството со која во случај на елементарна непогода бројот на слободни денови се зголемува од три на седум дена. Со Спогодбата е дадена и можност бројот на слободни денови дополнително да се зголеми во случај на прогласување вонредна или кризна состојба поради елементарни или друг вид непогоди.

    Полицијата воведе посебен сообраќаен режим на сообраќајниците во регионот на Скопје, кој е најмногу погоден од невремето, за да се обезбеди непречена работа на механизацијата за санирање на штетите и непречен дотур на храна, вода и лекови на жителите на населените места зафатени од поплавите.

    Обиколницата Скопје која беше поплавена и сериозно оштетена во невремето, од прексиноќа е пуштена за сообраќај во двата правци, соопшти АМСМ. На делниците на автопатот каде што се оштетените делови од коловозот, поставени се сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата. Голем дел од жртвите во невремето се токму од поплавувањето на обиколницата во близина на Смилковско езеро и селото Стајковци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира