НА КОНКУРСОТ ЌЕ ПРЕДЛОЖАМ СПОМЕНИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА ДА СЕ ПРЕНАМЕНИ ВО УЛИЦА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    НА КОНКУРСОТ ЌЕ ПРЕДЛОЖАМ СПОМЕНИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА ДА СЕ ПРЕНАМЕНИ ВО УЛИЦА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВБидејќи во конкурсот ќе има и награди, парите од наградата доколку решението за ослободување на овој простор победи, а се надевам дека ќе победи, ќе бидат наменети токму за изградба на улицата“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот Петре Шилегов. (Фото: К.Попов)

    Ако Владата распише конкурс за пренамена на недоизградениот споменик на Мајка Тереза, скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе учествува со идејно решение за изградба на улица. Откако од Министерството за култура најавија дека наскоро ќе распишат конкурс за избор на идејно-архитектонско решение за пренамена на објектот, градоначалникот Шилегов не се откажува од намерата споменикот да се урне бидејќи е дивоградба изградена сред улица која го блокира влезот на Плоштадот Макеоднија, кршејќи го Уставот и низа закони.

    „Ако Владата наместо да го урне распише конкурс за решение во што да се пренамени објектот, тогаш Град Скопје ќе конкурира со идејно решение за улица. Доколку се оспорува можноста Градот како институција да учествува на јавниот конкурс, тогаш јас лично како граѓанин ќе доставам проект за изведба на улица. Бидејќи во конкурсот ќе има и награди, парите од наградата доколку решението за ослободување на овој простор победи, а се надевам дека ќе победи, ќе бидат наменети токму за изградба на улицата“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот Петре Шилегов.

    За недоизградениот 32-метарски споменик на Мајка Тереза, кој го крши Уставот и низа закони бидејќи се наоѓа на пешачки дел за влез на Плоштадот Македонија, Владата и понатаму ја тера постапката да најде начин како тој да не се урне. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Шилегов бара Владата, бидејќи нема намера да го отстрани споменикот, да го додели на Градот и тој ќе го урне. Уривањето, според него, нема да чини многу како што вели Владата туку ќе го ангажира градското претпријатие  „Улици и патишта“ да ја отстранат дивоградбата.

    За недоизградениот 32-метарски споменик на Мајка Тереза, кој го крши Уставот и низа закони бидејќи се наоѓа на пешачки дел за влез на Плоштадот Македонија, Владата и понатаму ја тера постапката да најде начин како тој да не се урне. Владата донесе ваква одлука и покрај извештајот и препораките на работната група за „Скопје 2014“, која беше формирана токму од Владата. Во препораките на работната група не се спори намената туку тоа дека на тој простор не треба воопшто да има никаков објект оти се прекршуваат низа закони.

    На сајтот за јавни набавки, во Планот за јавни набавки на Министерството за култура во месец февруари стои дека ќе биде распишан конкурс за избор на идејно-архитектонско решение за пренамена на објект со скулптурална композиција во Скопје, кој ќе заврши со доделување награди.

    Во вторник 25 февруари, во организација на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи јавна трибина на тема Граѓанска зелена моќ – влијание на граѓаните врз зачувување на јавниот интерес при урбанистичкото планирање. На трибината покрај градоначалниците на Град Скопје и Општина Центар Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, ќе учествуваат и претставници од Асоцијацијата на архитекти на Македонија и од граѓански иницијативи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира