КОЅИАС БАРА ДОБРИ, А НЕ ГНИЛИ КОМПРОМИСИ ЗА ИМЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    КОЅИАС БАРА ДОБРИ, А НЕ ГНИЛИ КОМПРОМИСИ ЗА ИМЕТО

    Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Попоски и Никос Коѕиас, денеска во Скопје разговараа за мерките за градење доверба и за нивното можно надградување и проширување, како и за железничка линија од Битола до Лерин и за градење гасовод од Солун до Македонија. Спорот за името, како што претходно најавија, не беше дел од разговорот.

    Коѕиас, кој изрази жалење за жртвите во поплавите, за време на посетата во ниту еден момент не го употреби уставното име на Република Македонија, туку ја користеше фразата „пријателска земја на север“.

    Двајцата министри изразија задоволство од степенот на соработка што го имаат двете земји по почнувањето на процесот за градење мерки на доверба, кои, како што рекоа, треба да ги приближат двете земји и да создадат поволна клима.

    Попоски рече дека во моментот кога Европската Унија и НАТО се соочуваат со внатрешни проблеми, а проблемот за името сè уште постои како пречка, треба да се насочиме кон подобрување на добрoсоседските односи, на градење просперитет и на зајакнување на економијата.

    „Свесни сме дека набргу нема да се интегрираме во НАТO и во ЕУ и поради тоа, добрo е да се насoчиме кон градење мостови со Грција. И понатаму ќе имаме различни ставови за името, тоа е факт, но можеме да работиме на градење доверба и соработка. Ако не можеме да го решиме спорот, можеме да се фокусираме кон поголема економска и политичка стабилност и просперитет. Треба да покажеме капицитет дека можеме самите да си ги решаваме работите, а тоа ќе го отвори патот кон ЕУ“, рече Попоски.

    Коѕиас потсети на ветото што го стави во Европската Унија околу предлогот за воведување санкции кон Македонија, во екот на политичката криза годинава. Тој рече дека санкциите се контрапродуктивни.

    „Такви мерки се преземаат за да се скрши непријателот или за да се донесе на преговарачка маса. Пријателската земја веќе преговара, поради тоа сметавме дека овие мерки се непотребни. Јас сум против казни затоа што на крајот последиците од нив ги трпи народот. Мерките за градење доверба не се поврзани со името, но придонесуваат за зголемување на довербата на двете земји. Ако не постои доверба, двајца не можат да стапат во брак. Името не беше тема на разговорите, но навивам за добри, а не за гнили компромиси, компромиси што ќе нè ослободат од историјата, која не можеме да ја смениме. Компромисот е еден од клучните елементи на Европската Унија, каде што еден не се наметнува над другиот. Нормално, во компромисите мора да постојат црвени линии затоа што во спротивно ќе имаме скапани компромиси“, рече Коѕиас.

    Околу проблемот за името, Попоски посочи дека треба да се работи на создавање рамка што ќе ја смени перцепцијата во двете земји.

    „Мораме да ја смениме перцепцијата кај нас дека Грција сака да не постоиме и треба на неа да гледаме како на партнер. А Атина треба да се разубеди дека сакаме да ја разместиме“, рече Попоски.

    Во однос на бегалската криза, двајцата министри се согласија дека се соочуваат со предизвици, но оти благодарение на подобрената соработка и зголемената комуникација меѓу инстиутициите, работите се одвиваат како што треба.

    „Да не постоеја мерките на доверба, кои беа добредојдени, работите можеа да забегаат понатаму. Научивме да се приспособиме. Бегалската криза беше училиште за двете страни да научат како да соработуваат. Животот создава проблеми, еден ќе решиш, се појавува друг. Проблемите не ме плашат, ме плаши немањето искуство и непознавањето на филозофија за нивно решавање“, рече Коѕиас.

    Министерот Попоски истакна дека интересите на двете страни, кои на почетокот беа во судир во однос на бегалската криза, сега се исти. Тој истакна дека можни се нови напливи на бегалци и појава на инциденти, како и минатата година, но сега веќе го имаат искуството и соработката за полесно справување со нив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира