ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ ПРЕД УСТАВЕН СУД ЈА ОСПОРИЈА ОДЛУКАТА ЗА НАГРАДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО БОРБАТА СО КОВИД-19

    ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ ПРЕД УСТАВЕН СУД ЈА ОСПОРИЈА ОДЛУКАТА ЗА НАГРАДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО БОРБАТА СО КОВИД-19„Треба ли да потсетам дека и матичните доктори беа на прва борбена линија, докторите од Дебар направија скрининг на целото населениве. Или ќе има награди за сите кои учествувавме во борбата со ковид-19 или за никој“, вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари, кое брои околу 1.600 доктори. (Фото: СДК.МК)

    Здружението на приватните лекари преку нивен адвокат до Уставен суд поднело иницијатива за преиспитување на одлуката со која се наградуваат здравствените работници во јавното здравство кои се борат со ковид-19.

    „Треба ли да потсетам дека и матичните доктори беа на прва борбена линија, докторите од Дебар направија скрининг на целото населениве. Или ќе има награди за сите кои учествувавме во борбата со ковид-19 или за никој“, рече на прес-конференцијата д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари, кое брои околу 1.600 доктори.

    Приватните лекари од земјава реагираат на две новини кои ги подготвуваат Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. За членовите на Здружението тие се неприфатливи и тие не се согласуваат со нивно воведување.

    „Се најавува воведување на времен печат и електронски печат. Секоја амбуланта има свој токен, секој доктор има сопствен токен, и сите податоци постојат во ‘Мој термин’ каде има богати бази на податоци, колку рецепти сме издале, кога се издадени, каде е упатен пациентот. Сметаме дека со постојната капитација, дополнителен трошок не можеме да издржиме. Имаме и уште една реакција за воведување нови шифри во работата, кое понатаму води плаќањето да биде половина од капитација, а втората половина од сработеното. Модел на плаќање по учинок имаше до 2001 и со него ако земеме одмор во тој период нема да имаме учинок, нема да имаме плата, нема да се покријат трошоците за работата. Не е дозволиво доктор од примарно здравство да нема сигурност, да не смее да се разболи, тој период мора да биде платен како и во јавното здравство. Државата не смее да се однесува за едни мајка за други маќеа. Во преговорите со Светска здравствена организација, а сме имале преговори во период од триесетина месеци, никогаш не сме разговарале фиксниот дел да биде 50 отсто од постојната капитација“,  кажа д-р Чолакова-Дервишова.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира