Четири лица починаа, а 141 нов случај на ковид-19 е регистриран во последниве 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Новите позитивни пациенти се од направени 2.006 тестирања. Од починатите, двајца се од Скопје на возраст од 54 и 55 години, пациентка од Кавадарци на 69 години и 70-годишен пациент од Свети Николе.
Новите случаи по градови се:
-Скопје 51
-Куманово 19
-Дебар 2
-Штип 15
-Прилеп 6
-Тетово 6
-Струга 16
-Велес 2
-Битола 4
-Охрид 2
-Кавадарци 1
-Гостивар 2
-Гевгелија 1
-Радовиш 1
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 2
-Берово 1
-Виница 2
-Делчево 1
-Свети Николе 2
-Кичево 2
-Неготино 1
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 12.653, од кои оздравени се 9.123, починати 539, а во моментов активни случаи се 2.991.
Досега во земјата се направени вкупно 125.128 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.