ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНА ДА ГИ ОСЛОБОДУВА ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦАТА ОРЦЕ НИКОЛОВ ЗА ПЕШАЦИ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНА ДА ГИ ОСЛОБОДУВА ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦАТА ОРЦЕ НИКОЛОВ ЗА ПЕШАЦИДеновиве почнаа градежните работи на улицата,најпрво ќе се врши преместување на електричните инсталации под земја. (Фото: СДК.МК)

    Општина Центар конечно почна со реализацијата на проектот за ослободување на тротоарите на улицата Орце Николов од паркирани коли и враќање на пешаците. Деновиве почнаа градежните работи на улицата, а како што објаснува градоначалникот Саша Богдановиќ најпрво ќе се врши преместување на електричните инсталации под земја.

    „Сите кабли и инсталации операторите треба да ги преместат под земја за да не се копа потоа повторно улицата. Потоа ќе следуваат градежните работи за реконструкција на улицата, со која паркирањето нема повеќе да биде на тротоарите“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

    Рокот на изведба на градежните работи е три месеци, што значи дека до крајот на годинава улицата Орце Николов на потегот од крстосницата со булеварот Климент Охридски до Рузвелтова би требало да добие нов лик.

    Според проектот ќе се реконструира коловозот со површина од 9.330 метри квадрати. На селектирани локации ќе се изврши подигнување на улицата, односно ќе бидат поставени пет подигнати премини кои ќе служат како легнати полицајци и ќе придонесат кон нормализирање на брзината на движење на возилата. На крстосницата со улицата Аминта Трети (Ленинова) ќе се изведе кружен тек. Ќе се воведе паралелно паркирање на ниво на улицата со џебови за паркирање. Во проектирање на улицата водено е сметка за сите дрвја, да не се отстрани ниту едно, а меѓу нив да се организира паркирањето. Коловозната лента ќе се намали на 6 метри, а за сметка на намалувањето ќе се изведат велосипедски патеки во должина од 2.400 метри и пешачки патеки од 2.200 метри.

    Според сегашното решение, на улицата има 180 паркинг места, а со новото ќе се намалат на 80. За да овозможи паркинг на жителите предвидена е изградба на монтажна катна гаража на просторот меѓу бараките на Општината и Министерството за одбрана.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира