ВОЈСКАТА ВЕЖБАШЕ ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ОХРИД ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ПЕНДАРОВСКИ И ПАХОР

    ВОЈСКАТА ВЕЖБАШЕ ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ОХРИД ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ПЕНДАРОВСКИ И ПАХОРПрипадниците од Баталјонот за специјални сили пред претседателите Пендаровски и Пахор, прикажаа постапки кои се применуваат за ситуација на заложничка криза на пловен објект.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Претседателот и Врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски и претседателот на  Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Македонија.

    Претседателите Пендаровски и Пахор, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се запознаа со дел од обуката која ја изведуваат припадниците на баталјонот за специјални сили, како и со можностите и начинот на работа коишто ги нудат овие капацитети на Армијата во состав на Командата за обука и доктрини.

    Претседателите Пендаровски и Пахор, се запознаа со дел од обуката која ја изведуваат припадниците на баталјонот за специјални сили,(Фото: Ѓ.Личовски)

    Припадниците од Баталјонот за специјални сили пред претседателите прикажаа постапки кои се применуваат за ситуација на заложничка криза на пловен објект. Во вежбата беа вклучени и хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ на Армијата при што се демонстрираше висок степен на обученост и извежбаност за извршување на сложени задачи на вода согласно НАТО стандардите кои се применуваат во вакви ситуации.

    Словенечкиот претседател Пахор беше запознаен со мисијата и задачите на Армијата, а припадниците на баталјонот за специјални сили пред присутните изведоа кратка показна вежба на која презентираа дел од боречките вештини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира