ЌЕ СЕ ВОВЕДУВА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ВО СКОПСКИТЕ НАСЕЛБИ КАРПОШ 1 И 2, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНАТА ПО АНКЕТАТА

    ЌЕ СЕ ВОВЕДУВА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ВО СКОПСКИТЕ НАСЕЛБИ КАРПОШ 1 И 2, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНАТА ПО АНКЕТАТАОд Општина Карпош велат дека и во рамките на онлајн анкетата за креирање на буџетот за наредната година, граѓаните како проблем го посочуваат недостигот на паркинг места;-Тротоарите на улицата Орце Николов во Карпош 1 се постојано блокирани од коли.(Фото: СДК.МК)

    Во скопските населби Карпош 1 и Карпош 2 ќе се воведе зонско паркирање, откако мнозинството жители на јавната анкета се изјасниле позитивно по ова прашање. Од Општина Карпош велат дека и во рамките на онлајн анкетата за креирање на буџетот за наредната година, граѓаните како проблем го посочуваат недостигот на паркинг места.

    „Локалната самоуправа во текот на 2020 спроведе анкети во Карпош 1 и Карпош 2, како населби кои се најзасегнати од ова прашање. Доминираат одговори за воведување на зонско паркирање, по што во тек се координативни активности со ЈП ‘Градски паркинг‘ за спроведување на регулација на паркингот“, се вели во соопштението од Општина Карпош.

    Покрај прoблемот со паркирањето, карпошани бараат во буџетот на наредната година да се предвидат и пари за реконструкција на плочникот во комплекстот Порта Влае. Од Општината велат дека за таа цел веќе е донесе развојна програма за финансирање на проектот, во две буџетски години, а во финална фаза е основниот проект, кој предвидува нови гранитни плочки и хидроизолација за платото. Во првата половина на 2021 се очекуваат и теренските активности за реконструкција.

    „Акцентирана е потребата и за реконструкција на дел од постоечките фасади на зградите. Повторно ќе биде објавен јавен повик за субвенционирање на реконструкција на фасади, но и постоечки лифтови и кровни површини“, додаваат од Општината.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира