БРИТАНСКИ СОЈ НА КОВИД-19 ИМА И ВТОРИОТ БОЛЕН БИТОЛЧАНЕЦ ВРАТЕН ОД ЗАНЗИБАР

    БРИТАНСКИ СОЈ НА КОВИД-19 ИМА И ВТОРИОТ БОЛЕН БИТОЛЧАНЕЦ ВРАТЕН ОД ЗАНЗИБАРСопружниците од Битола што се вратија од Занзибар болни од ковид-19 имаат британски сој на вирусот, потврди МАНУ. (Фото: СДК.МК)

    Британскиот сој на коронавирусот е откриен и кај вториот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, Африка, потврдила анализата во МАНУ, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Александар Попоски, директорот на Струшката болница за нефрологија каде е хоспитализиран болниот битолчанец. Вчера за болна од британскиот сој беше потврдена и неговата сопруга која е хоспитализирана во Скопје.

    65-годишниот битолчанец со сопругата престојувале во Занзибар и се вратиле во Битола на 26 февруари, а два дена пред да се вратат обајцата пројавиле симптоми на ковид-19. Тој со бубрежни оштетувања и позитивен тест на коронавирус од 1 март е хоспитализиран во Струшката болница за нефрологија.

    Обајцата беа под сомнеж дека се разболеле од јужноафриканскито сој на ковид-19, кој се шири побрзо и му помага на вирусот да ги избегнува антителата во имунолошкиот систем, поради што најверојатно не се ефикасни и некои од вакцините.

    С. ВРЕНЦОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира