Викендов не се врши вакцинација против ковид-19 во здравствените домови на лицата постари од 77 години. Вакцинацијата на оваа возрасна група почна во средата, викендов паузира, а ќе продолжи в понеделник.
Министерот за здравство Венко Филипче не ни даде објаснување зошто викендов нема вакцинација, само кажа дека во наредниот период секој ден ќе се вакцинираат граѓаните.
„Како што ќе се одвива процесот се повеќе луѓе ќе се вакцинираат, така што во следниот период 7 дена ќе бидат работни”, рече Филипче кој денес присуствуваше на симулација на вакцинација во салата „Борис Трајковски“, каде в понеделник ќе почне интензивното вакцинирање.
Изминативе три дена се вакцинирани околу 3.000 лица над 77 години со вакцината на „АстраЗенека“.
А. АНТЕВСКА