НЕ МЕ ЧУДИ АКО ВЛАСТА СО ОВИЕ МЕТОДИ НАПРАВИ И ПОГОЛЕМО МНОЗИНСТВО, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    НЕ МЕ ЧУДИ АКО ВЛАСТА СО ОВИЕ МЕТОДИ НАПРАВИ И ПОГОЛЕМО МНОЗИНСТВО, РЕЧЕ МИЦКОСКИРеџепи требаше да дојде во Собранието и да гласа против,ќе спасеше голем срам, рече Мицкоски. (Фото: СДК.МК)

    Ова што се случува денеска во Собранието се методи од 16 и 17 век кои предизвикуваат чувство на гадење кај мене, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако замина од Парламентот, каде уште е на пауза седницата за гласање доверба на Владата оти нема кворум, затоа што пратеникот од Беса Кастриот Реџепи цел ден не е достапен. Тој кажа дека тоа што го нема Реџепи покажува оти власта продолжува со трговија со пратеници.

    „Не знаеме дали е киднапиран или доброволно си заминал. Требаше да дојде во Собранието и да гласа против. Ќе спасеше голем срам. Она што е јасно е дека власта се препелка во политичка кал. Ова е голем срам за демократијата. Се шпекулираше дека нешто вакво ќе се случи уште вчера. Ако вака се практикува политика кај нас сериозно ќе се замислам дали ќе се занимавам со политика. Власта има и други методи и не ме чуди да направат мнозинство поголемо од ова. Се извинувам на граѓаните што мораат денеска да го гледаат овој циркус“, рече Мицкоски.

    Прашам дали ако вечерва не се изгласа недоверба на Владата останува на ставот да се одржат предвремени парламентарни избори, рече дека брзи избори треба да бидат заедничко решение за сите партии.

    Тој кажа дека ќе останат во Собранието до полноќ, кога треа да заврши седницата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира