ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ТЕТОВО БИЛАЛ КАСАМИ Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ТЕТОВО БИЛАЛ КАСАМИ Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19Неколку часа пред да објави дека е позитивен, денеска Касами се сретна со швајцарската амбасадорка Вероника Хулман. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами е позитивен на ковид-19 објави тој објави по тестирањето на својата официјална фејсбук страна.  Касами е вакциниран, нема симптоми и од денеска е во самоизолација, а ќе работи од дома.

    „Почитувани граѓани, сакам да ве информирам дека по резултатите добиени од тестирањето сум позитивен на ковид-19. Врз основа на препораките на Министерството за здравство, ќе ги почитувам препораките против ковид со самоизолирање. Во овој период, моите должности како градоначалник на Тетово ќе ги извршувам од дома. Ве повикувам сите да носите маска и да се грижите за вашето здравје“, објави Касами на Фејсбук.

    Неколку часа пред да објави дека е позитивен, денеска, како што беше објавено на фејбук страната на Општина Тетово, Касами имал средба со амбасадорката на Швајцарија Вероника Хулман. Тој вчера учествуваше на трибина во Гостивар на која, меѓу другите, беа присутни и градоначалниците Арбен Таравари на Гостивар и Максим Димитриевски на Куманово.

    Како што неофицијално дознаваме, тој направил ПЦР тест бидејќи се подготвувал за работна посета во странство.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира