РАКОТ Е МЕЃУ ТРИЕСЕТ БОЛЕСТИ КОИ СЕ НА РАБ НА ЕПИДЕМИИ ПО КОВИДОТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ САЛИ

    РАКОТ Е МЕЃУ ТРИЕСЕТ БОЛЕСТИ КОИ СЕ НА РАБ НА ЕПИДЕМИИ ПО КОВИДОТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ САЛИЗа постковид фазата потребни се други различни здравствени политики, рече министерот за дравство Беким Сали. (Фото: СДК.МК)

    Ракoт е една од 30-на дијагнози т кои се на работ на епидемии или евентуално пандемии и иако ковидот е голем предизвик, ќе треба да се справуваме со нив, рече министерот за здравство Беким Сали.

    „Тоа е постковид фазата што јас ја најавувам, а ќе ни требаат други различни здравствени политики. Да бидеме подготвени во постковид периодот да се соочиме со сите барања на нашите граѓани“, рече Сали.

    Запрашан кога клиниките ќе ги зголемат термините за редовни специјалистички прегледи и хурушки интервенции како порано, министерот рече дека сè уште се внимателни во прибирањето пациенти во здравствените установи.

    „Жалам што бројката е помала од реалните можности на институциите, но тоа е со некаква цел. Секоја клиника и оддел ја организира работата врз основа на состојбата што ја добиваме како заклучоци од Комисијата. Јас би сакал да бидеме во зелена зона за да имаме повеќе теремини за редовни контроли и интерервенции“, додаде Сали.

    Тој изрази оптимизам дека земјата, според сегашните ковид статистики, оваа недела е можно да влезе во зелена зона, но рече дека не е опстимист за укинување на рестриктивните мерки.

    „Посакувам да бидам првиот што ќе најави дека од утре сме без маски и сигурно ќе бидам запаметен по таа изјава, но состојбата не е уште толку позитивна за да можеме да кажеме од денес сме слободни. На една страна се желбите, а на друга реалните бројки што ги добиваме. Јас сум оптимист за општата состојба кај нас, но не сум оптимист за мерките. Се надевем дека оваа недела ќе бидеме во зелена зона, но дали сме подготвени да ги ослободиме мерките и треба да видиме што ќе одлучиме в среда на Комисија за заразни болести“, рече министерот.

    Тој посочи дека четирите земји каде биле олабавени мерките сега се соочуваат со ефект на бумеранг осносно враќање во првобитна состојба во однос на заболени. Но, тие имаат и повисок процент на иминизација од нас.

    „Серолошката анализа даде јасна слика дека има имуинитет кај 86 проценти  од вацинираните граѓани кај нас, а кај 75 проценти кај прележаните. Но, државаите кои ги ослободија мерките имаа многу поголеми показатели“, рече тој.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира