ГЕРМАНСКОТО МНР ГИ ПРЕДУПРЕДИ ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА ДА БИДАТ ПРЕТПАЗЛИВИ ПОРАДИ ЗАКАНИТЕ ЗА БОМБИ

    ГЕРМАНСКОТО МНР ГИ ПРЕДУПРЕДИ ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА ДА БИДАТ ПРЕТПАЗЛИВИ ПОРАДИ ЗАКАНИТЕ ЗА БОМБИПремиерот Ковачевски и министерот Спасовски велат дека станува збор за хибридни напади и вакви закани се испраќани и во други земји. (Фото: К. Попов)

    Министерство за надворешни работи на Германија ги предупреди нивните граѓани да бидат претпазливи ако патуваат во Македонија поради заканите за бомби. Во соопштението се вели да бидат претпазливи, навремено да се информираат за актуелната ситуација и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносни сили.

    „Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени и хотели и други невладини установи. Последно, беше неопходна евакуација на меѓународниот аеродром Скопје, каде сообраќајот мораше да биде привремено запрен. Треба да се смета со ограничувања и сообраќајни проблеми“, се вели во информацијата на германското МНР.

    Изминатите деновиве закани за поставени бомби стасаа во повеќе институции, хотели, трговски центри, школи, како и на Меѓународниот аеродром Скопје и полициската станица Центар.

    Вчера премиерот Димитар Ковачевски кажа дека станува збор за хибридни напади поради интензитетот и опсегот на упатените дојави, но и поради тоа што исти вакви дојави за бомби има и во други земји.

    Министерот пак за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, кажа дека за дојавите за бомби информиран е НАТО и формиран е посебен штаб во рамките на МВР.

    „Очекувам да се свика и Советот за координација, на кој што ќе разговараме од аспект на националната безбедност, бидејќи тука мора да се вклучат и Агенцијата за национална безбедност и другите институции коишто се значајни во овој дел. Бидејќи, ако дојавите се најава за тероризам, тогаш сите треба да се вклучиме во ова за да дојдеме до стабилизирање на состојбата“, кажа Спасовски.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира