МАДЕ ОД ОРЕЛ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:115:"Несевлегувалесновотефтерчето.Амауштепотешкосеизлегува";s:18:"td_quote_on_blocks";s:6:"LISTEN

     

    1 Кај и да е, на некој кружен тек во Скопје ќе никне нов споменик. Со голема мермерна плоча на која ќе биде издлабен датумот 24 април. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ тогаш конечно ќе победи на избори. Оти со овој терор на опозицијата веќе не се живее. И кога ВМРО-ДПМНЕ по десет години ќе дојде на власт, на Македонија конечно ќе и тргне. Груевски ќе биде премиер. Специјалното обвинителство ќе се укине, а Катица Јанева ќе одговара пред специјален народен суд. Криминалот за кој слушавме дека постоел ќе го снема. Судиите ќе се охрабрат и ќе му одредат притвор на Заев. Питер Ванхауте ќе се протера од државата. Џес Бејли ќе биде повикан во МНР за да му биде врачена протестна нота за мешање на САД во внатрешните работи на земјата. И кога Никола Груевски конечно ќе влезе во премиерскиот кабинет ќе се отстрани и последната пречка за евроатлантските интеграции. Европската комисија ќе одреди датум за почеток на преговорите со ЕУ. А кај и да е и во НАТО ќе не примат.

    Изборите на 24 април ќе бидат успешни. Оти оваа Влада до сега докажала дека има капацитет да организира фер и демократски избори. А има и искуство во организирање избори. Сите мораат да излезат на гласање. Ако треба за уши ќе нè влечат и за рачиња ќе се држиме и ќе гласаме. Со патент на устата. Ако треба и ливче нека снема. Само да се ослободиме од овој притисок од прислушуваните разговори. Демократија, ами како!

     

    Ќе си најдат оправдување и ако некој случајно не сака да гласа за ВМРО-ДПМНЕ или за ДУИ. Сите тие се комуњари. И за нив ќе се најде излез од кризата. Собирен центар Табановце. И во возовите заедно со Сиријците, без попатно задржување, право кај Курц. Па таму заедно со Хан нека им го берат гајлето.

    Како што зборуваше Гордана во еден од прислушуваните разговори пред да прави кадровска чистка во МВР: „Е па сега му е мајката да ги исчистиме!“.

    2 Адвокатот Александар Тортевски во телевизиски настап изјави дека голем број судии во Кривичниот суд го замолиле да пренесе во јавноста дека не се согласуваат со одлуката да не се одреди притвор за осумтемина кои Специјалното обвинителство ги осомничи за злосторничко здружување. Адвокатот рече дека за судиите ова било преседан од кој се срамеле.

    Фино што сега се срамеле. Оти не им било срам кога одредуваа притвор за украдени пет евра на патарина. Или кога во притвор ставија лекар што беше организатор на штрајкот на лекарите. И Томче Кежаровски среде ноќ го прибраа оти напишал новинарски текст. И кога осудија крадец на 150 ќебапчиња на три години затвор. А студентите што минатиот мај ги ловеа низ скопските улици затоа што ја нагрдија новата фасада со јајца? Да заштедеа на илјадниците притворски решенија што ги делеа за да и помогнат на партијата да владее со страв и немир во државата, ќе останеа пари и онаа зграда во која судат да се преслече со барокен гипс.

    Баш ме интересира дали и судиите што ја донесоа одлуката да нема притвор биле на списокот во тефтерчето на партијата и ако биле, под кое бројче ги воделе. Дали и тие се срамеле од одлуката што ја донеле, па затоа Судот не ги објави нивните имиња.

    Го гледам претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски како се жали дека Специјалното обвинителство им врши притисок и одвај ја чита својата изјава, во која вели дека „судиите нема да дозволат притисоци од никого“. Не им е срам на судиите дека претседател на институцијата што ги поставува и ги разрешува е токму Ушковски од кој, чувме во прислушуваните разговори, дека дури и битни луѓе во партијата што го поставила, се срамеле. Како се туфкаше претседателот на Собранието Трајко Вељановски кога го избраа Ушковски: „ А бе не да го поминавме, не да го поминав, уште ќе не тепаат дека… како да кажам… нема ништо врска со судство го ставаме во Судски совет“, а Гордана од другата страна на линијата го успокојува: „Општински со се поминато, партиски…“.

    На кој адвокат ќе му се пожалат судиите на фактот дека нивната професионална кариера и приватниот живот им зависат од обичен партиски извршител кој не поминал ни еден ден во суд? Мора да се многу засрамени штом преку гласник се жалат. Ептен јаки судии.

    3 Како беше онаа – на мака се познаваат јунаците. Е па, сега дојде време да се тргаат маките. Судиите треба да се покажат. Кога фаќаа врски да се најдат во тефтерчето убаво им беше? Е па, дојде време да се соочат со тие што ги диктирале нивните имиња за одобрување кај секретарката на лидерот на партијата. Да проверат „дали е наш“. Или „не е наш, ама сега е наш“. Од таа мака поголема има ли? Да мораш да им вратиш на тие што те запишале во тефтерчето. Оти којзнае што мака виделе и судиите само за да ги запишат во тефтерчето, да добијат бројче, а не пак и да ги заокружат.

    4 Му се чудам на Павле Трајанов. Со кој памет поднесе претставка до Уставниот суд да ја испитува уставноста на распуштањето на Собранието со одложено дејство? Па тој Уставен суд се прогласи ненадлежен за сметките за парно греење, а не пак ќе одлучува за распуштање на Собрание.

    На мака се и уставните судии. Не се влегува лесно во тефтерчето. Ама уште потешко се излегува.

    5 Преговорите за медиумите пропаднаа. Партиите не се согласија околу владиното рекламирање и околу составот на Агенцијата медиуми. Преведено на обичен новинарски јазик се скараа за парите и за контролата врз новинарите. Значи тие воопшто не разговарале за слободата на информирање. Тие разговарале како ќе се спроведува пропаганда и цензура. И не се согласиле.

    До пропагандата е. Оваа власт толку се занесе со пропагандата, што веќе сама верува во тоа што ќе го чуе на телевизиите што ги плаќа со реклами од нашите пари. Не само што верува во тоа, туку во ништо друго надвор од таа пропаганда не верува. И тука се разликува со народот. Дури и со нивниот народ кој мора да живее во суровата реалност. Зарем не е доволно сурово да мора да донесеш список со петнаесет луѓе за кои ќе гарантираш дека сигурно ќе гласаат за партијата, да се тресеш на кого ќе ставиш лајк на Фејсбук, оти може да те пречкртаат во тефтерчето.

    6 Во скопската општина Чаир никна голем споменик на двоглавиот орел од албанското знаме. Оти на граѓаните на Чаир само уште тоа им фалеше. Ако од едната страна на Вардар го имаме најголемото коњско маде, би било глупаво од другата страна да го немаме и најголемиот орелски клун на Балканот.

    На отворањето на споменикот беше весело. Уште една забава за сиромаштија платена со парите од истата таа сиромаштија. Ако оценат дека им треба да се добијат избори, таа сиромаштија ќе ја искористат и да се степа меѓу себе. Како гладијатори. На улица, во градски автобуси, во средни училишта… Тоа е една фина, демократска гладијаторска арена.

    7 Љубе Бошковски даваше исказ пред специјалниот обвинител. Гордана Јанкуловска беше на распит кај неспецијален судија. Двајца поранешни министри за внатрешни работи на сослушување во ист ден. И тоа покажува во каква држава живееме.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира