ВМРО-ДПМНЕ БАРА ЕУ ДА КАЖЕ КОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА АМБАСАДОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ БАРА ЕУ ДА КАЖЕ КОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА АМБАСАДОРИТЕ

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска од Европската комисија побара да допрецизира и да појасни кој и како им се заканувал на меѓународните претставници во Македонија и да посочи конкретен пример за тоа.

    „Споделувајќи ја загриженоста на Европската комисија, ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува кој и како им се заканувал на меѓународните преставници во Република Македонија и да се посочи конкретен пример за тоа. ВМРО-ДПМНЕ осудува говор на омраза и повици за насилство, и тоа треба да го направат и сите останати политички чинители. Споделувајќи ги демократските вредности, очекуваме допрецизирање и појаснување за таквите наводи со цел надлежните институциите поефикасно да превенираат такви случаи“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич денеска изјави дека Европската комисија очекува сите партии на мирен начин да учествуваат во прегласувањето в недела во Теарце и дека очекува сите политички лидери во Македонија да покажат најголема одговорност. Таа нагласи дека ЕК цврсто ја осудува секоја запалива и опасна реторика „вклучувајќи и таргетирање на претставниците на меѓународната заедница во Скопје“.

    Според Коцијанчич, таквата реторика „ја движи земјата уште подалеку од евроатлантскиот пат, кој нејзините граѓани го сакаат и заслужуваат“.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во саботата, минатата недела, на протестот пред Државната изборна комисија рече дека Извршниот комитет на партијата донел проглас дека „некои амбасадори почнале премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата“ и дека „тоа мора да запре“, како и тоа дека „ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на состаноци и на преговори во кои учествуваат амбасадори или други странски претставници, на кои се носат одлуки за кои одлучуваат претставниците избрани од народот“.

    Неколку дена по обраќањето на Груевски на протестот пред ДИК, на веб-страницата „Имгур“ се појавија некролози на дел од сегашните и од поранешните амбасадори во Македонија

    Неколку дена по обраќањето на Груевски на протестот пред ДИК, на веб-страницата Имгур се појавија некролози на дел од сегашните и од поранешните амбасадори во Македонија

    Неколку дена по обраќањето на Груевски на веб-страницата Имгур се појавија некролози на дел од сегашните и од поранешните амбасадори во Македонија.

    На постизборните случувања во Македонија реагираше и американскиот Стејт департмент, од каде изразија загриженост поради „зголемените политички тензии во Македонија по парламентарните избори на 11 декември“ и ја осудија „запаливата реторика од некои политички лидери, која дава дозвола за напади на демократски институции и на амбасадори акредитирани во Македонија“.

    Во анализа под наслов “Народот одлучи“, Фондацијата „Конрад Аденауер“ на германската владејачка конзервативна партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел, упатува остри критики за недемократско однесување на „сестринската“ партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ, поради нејзиното одбивање да се реформира, дезавуирањето на државните институции, како и поради критиките кон странските амбасадори, пренесе „Дојче веле на македонски јазик“. Анализата упатува серија критики кон ВМРО-ДПМНЕ, во кои се вели дека со губењето на 19 пратенички места, „гласачите ѝ испратија јасен сигнал за промени, сигнал кој ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа“.

    Меркел и Груевски во октомври 2006, кога Германија имаше надеж дека младиот конзервативец ќе ја поведе Македонија кон демократија и ЕУ (архивска фотографија)

    Меркел и Груевски во октомври 2006, кога Германија имаше надеж дека младиот конзервативец ќе ја поведе Македонија кон демократија и ЕУ (архивска фотографија)

    „Наместо да се иницираат внатрепартиски реформи, се прави обид да се задржи еродираната власт. Со објавата на прогласот и говорот на Груевски пред седиштето на Државната изборна комисија минатата сабота, се попречуваат ДИК и Управниот суд, нивните членови се игнорираат и се затвора вратата за меѓународната заедница. Останува нејасно зошто партискиот врв, без потреба, уште пред одлуката за жалбите на опозицијата, ѝ го соопшти ова на јавноста. Очигледно не постои никаква доверба во државните институции“, се вели во анализата.

    Во неа понатаму се критикува создавањето „непријателски имиџ“ кон странците од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Легитимно е да се критикува политичката улога на некои амбасадори и не секогаш вештата посредничка улога на Европската Унија. Но, да им се префрла на амбасадорите и на странските претставници за мешање во внатрешните работи и за директно влијание врз работата на поединци во ДИК е проѕирен маневар, за да се прикријат сопствените проблеми. Заканата, преку нова финансиска регулатива да се потчинат невладините организации, нема да успее. Демократијата мора да поднесе и спротивно мислење“, се наведува во анализата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира