ДОКУМЕНТОТ ОД ТИРАНА НЕ Е УСЛОВ ЗА ВЛАДА, ВЕЛИ АХМЕТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДОКУМЕНТОТ ОД ТИРАНА НЕ Е УСЛОВ ЗА ВЛАДА, ВЕЛИ АХМЕТИ

    Политичките партии на Албанците во Македонија ќе изготват документ во кој ќе бидат содржани барањатa кои се од интерес на Албанците во Македонија, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот брифинг пред започнувањето на конститутивната седница на новото Собрание.

    Ахмети рече дека документот не ги содржи условите за разговори за формирање на нова влада, туку дека тоа се реални барања на Албанците кои живеат во Македонија. Тој рече дека содржината на документот ќе се објави по доделувањето на мандатот за влада. Според него, сè уште не биле почнати преговори за нова влада, а ќе почнат кога претседателот на државата ќе го даде мандатот.

    Ахмети рече дека  во Документот во основа ќе бидат содржани барањата што политичките партии на Албанците ги промовирале во своите партиски програми,  како што се употребата на јазикот, рамноправно распределување на буџетот, реформи во правосудството,  барање да се расчистат некои судски процеси кои ги тангираат Албанците, ЕУ, НАТО, како и продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство и формирање на специјално судско кривично одделение.

    За документот било разговарано на вчерашната средба на лидерите на ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, рече Ахмети.

    На новинарско прашање зошто стратегијата за делување се прави во Тирана, а не во Скопје, Ахмети рече дека ниту Албанија, ниту Косово не се тие кои ја изготвуваат политиката за Албанците во Македонија и оти тие имаат свои цели и своја програма, но оти секоја помош е добредојдена, како и помошта од меѓународниот фактор.

    Лидерот на ДУИ не сакаше да одговори дали ќе се оди на нови избори ако Македонија не добие влада поради неприфаќањето на барањата на политичките партии на Албанците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира