ЗА ТРИ ДЕНА СОБРАНИЕ, ДИСКУТИРАА САМО ДВАЈЦА, ЧЕКААТ ДА ИМ ДОЈДЕ РЕДОТ УШТЕ 55 ПРАТЕНИЦИ

    ЗА ТРИ ДЕНА СОБРАНИЕ, ДИСКУТИРАА САМО ДВАЈЦА, ЧЕКААТ ДА ИМ ДОЈДЕ РЕДОТ УШТЕ 55 ПРАТЕНИЦИАко денес се постигне договор, останува само точката за избор на собраниски спикер. До сега како единствен кандидат предложен е пратеникот на ДУИ Талат Џафери, кој покрај ДУИ, ја има поддршката од коалицијата предводена од СДСМ, и од Алијансата за Албанците.Талат Џафери со Али Ахмети пред конститутивната седница на 30 декември (Фото:Ѓ. Личовски)

    За 11 часот е закажано четвртото продолжение на конститутивната седница на која треба да се изберат  претседателот и членовите на собраниската Комисија за избори и именувања.

    Ако денес се постигне договор, останува само точката за избор на собраниски спикер.  До сега како единствен кандидат предложен е пратеникот на ДУИ Талат Џафери, кој покрај ДУИ, ја има поддршката од коалицијата предводена од СДСМ, и од Алијансата за Албанците.

    Пратениците на ДПА вчера се изјаснија дека ќе бидат воздржани, а против изборот на Џафери за спикер се и петте пратеници на движењето Беса.

    За трите дена собраниска дебата, завршени се дискусиите само на двајца, од пријавените 57 дискутанти. Од нив околу 50 се од ВМРО-ДПМНЕ.

    Претседавачот со седницата Вељаноски  одржа две координации со претставници на парламентарните групи за да најдат решение како да се излезе од чорсокакот и да се прекине со бесконечните  бескорисни реплики и контрареплики, но, до договор не дојде.

    Во тридневната дебата пратениците најмалку дебатираа за избор на членовите и претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања целото време го  потрошија во докажување има или нема таканаречена тиранска платформа и кој повеќе ќе придонесе во зачувувањето на унитарноста и на суверенитетот на државата.

    Пратениците од новото парламентарно мнозинство три дена го обвинуваат претседавачот на конститутивната седницата Трајко Вељаноски дека го прекршува Деловникот  за работа  и го саботира изборот на Комисијата за да се одложи формирањето на нова влада.

    Вељаноски ги отфрли обвинувањата дека намерно го прекршува Деловникот,се повика на неговото долгогодишно искуство како собраниски спикер, дека имало случаи кога пратеници од иста пратеничка група си реплицирале меѓу себе.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски,  на вчерашната седницата  им понуди предлог на пратениците од СДСМ дека доколку се најдат гаранции за распуштање на  Собранието, веднаш ќе биде избран нов претседател кој ќе има задача да распише предвремени парламентарни и локални избори.СДСМ предлогот на Димовски го одби

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира