ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕЖУРААТ ВО СОБРАНИЕ ДОДЕКА НЕ СИ ЗАМИНЕ МНОЗИНСТВОТО

ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕЖУРААТ ВО СОБРАНИЕ ДОДЕКА НЕ СИ ЗАМИНЕ МНОЗИНСТВОТОИлија Димовски и Антонијо Милошоски за време на пауза од конститутивната седница на Собранието (Фото: Ѓ. Личовски)

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ неделава дежураат за парламентарното мнозинство предводено од СДСМ да не може да влезе ненадејно во некоја од помалите собраниски сали и под водство на најстариот во пратеничкиот состав, Бранко Манојловски од ДУИ, како претседавач, да избере претседател на Собранието.

Пратеници од парламентарното мнозинство велат дека забележале оти биле постојано на штрек, а очите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, биле постојано вперени кон салата „Борис Трајковски”, која освен тоа што е голема, има говорница и пулт за претседател и собраниска служба, може да ги собере сите 67 пратеници од парламентарното мнозинство, е и единствената од салите која е постојано отклучена.

За разлика од останатите собраниски сали, кои по протокол обезбедувањето ги заклучува од безбедносни причини, „Борис Трајковски” е отклучена додека има пленарни седници, а и таа се заклучува по 18 часот. Се наоѓа веднаш до големата, пленарна сала.

„Освен што сме следени кога групно одиме на кафе или на партиски консултации, од колегите од ВМРО–ДПМНЕ сме испраќани накај дома секој ден последнава недела. Во 18 часот, додека ние, ДУИ, Алијансата на Албанците, Беса и ДПА, не си заминеме по 18 ч часот дома, колегите од ВМРО ДПМНЕ не си одат пред нас. Се плашат дека ќе останеме и ќе избереме претседател без нивно знаење” , велат пратениците од СДСМ.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска прво од собраниската говорница а потоа и на прес конференција реле дека „претседател на Собранието ќе биде избран или во собраниската сала, или во друга сала, на скалите, во амфитеатарот на Правниот факултет, во МАНУ, во Пелинце, во Крушево или во моја Струмица“.

С. К. ДЕЛЕВСКА

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира