КОГА БИ ЈА ИГРАЛА МЕЛАНИЈА ТРАМП, НЕ БИ ЈА ПРИКАЖАЛА КАКО ЖРТВА, КАЖА ОСКАРОВКАТА КЕЈТ БЛАНШЕТ ВО ДАВОС

    КОГА БИ ЈА ИГРАЛА МЕЛАНИЈА ТРАМП, НЕ БИ ЈА ПРИКАЖАЛА КАКО ЖРТВА, КАЖА ОСКАРОВКАТА КЕЈТ БЛАНШЕТ ВО ДАВОСДвојната оскаровка рече дека не би играла улога која ќе биде инспирирана од мемето на социјалните мрежи со наслов „Ослободете ја Меланија“ (Фото: Ројтерс)

    Австралиската актерка Кејт Бланшет, говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, ги насмеа гостите шегувајќи се во врска со шпекулациите дека ќе ја глуми првата дама на САД Меланија Трамп.

    Двојната оскаровка рече дека не би играла улога која ќе биде инспирирана од мемето на социјалните мрежи со наслов „Ослободете ја Меланија“, кое циркулира веќе една година, со шеги и коментари за сожалување за сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп.

    Коментарот се случи за време на сериозна дискусија за бегалците, во која Бланшет, амбасадор на добра волја на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, го осуди, како што рече, недостатокот на политичко лидерство во решавањето на проблемот со бегалците, без да го спомене името на претседателот Трамп.

    „Кога би ја играла Меланија Трамп, не дека би била избрана за таа улога, но сепак, не би ја подготвувала улогата според ‘Ослободете ја Меланија‘ “, рече Бланшет.

    „Би се обидела да ја разберам ситуацијата, за да можам  да се свртам кон публиката и да речам: ’Која е нејзината позиција како жена? За што размислува таа? Како ли изгледа да си во брак со, знаете кој“, додаде холивудската ѕвезда.

    Бланшет, британскиот пејач Елтон Џон и боливудскиот актер Ша Рук Кан  во понеделникот беа наградени од Светскиот економски форум за подигнување на свеста за човековите права.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира