ШИЛЕГОВ НАЈАВИ НОВИ КОНТЕЈНЕРИ И КАМИОНИ ЗА СОБИРАЊЕ ЃУБРЕ, СКОПЈЕ СЕГА ИМА САМО 26 ВОЗИЛА

    ШИЛЕГОВ НАЈАВИ НОВИ КОНТЕЈНЕРИ И КАМИОНИ ЗА СОБИРАЊЕ ЃУБРЕ, СКОПЈЕ СЕГА ИМА САМО 26 ВОЗИЛАКако една од мерките за подобрување на хигиената во градот, претоварниот центар за ѓубре во Карпош 3 ќе биде рециклажен центар за отпад.(Фото: Град Скопје)

    Град Скопје годинава ќе купува нови контејнери и камиони за собирање на ѓубре, најави денеска градоначалникот Петре Шилегов.

    Во моментов ЈП „Комунална хигиена“ има 26 камиони за собирање на ѓубрето низ градот и 6 камиони за миење на улици. Од претпријатието велат дека пред 30 години имале 40 камиони за миење улици, а според сегашните потреби на градот треба да имаат 60 за да може сообраќајните да се чисти.

    „Изминатите 10 години не е купен ниту еден камиони за подигање отпад или миење улици. Годинава ќе бидат набавени нови контејнери и возила. Парите ќе ги вложуваме на корисен начин, контејнерите наместо да бидат ругло ќе бидат дел од урбаната опрема на градот“, кажа Шилегов.

    Како една од мерките за подобрување на хигиената во градот, претоварниот центар за ѓубре во Карпош 3 ќе биде рециклажен центар за отпад. Иако овој простор на ЈП „Комунална хигиена“ требало да функционира како место каде ќе се рециклира отпадот, тоа не се правело, туку само се депонирало ѓубрето. Сега собраното ѓубре ќе се рециклира односно ќе се врши селекцијата, она што може да биде употребено од отпадот да се врати во процесите, остатокот ќе се носи на депонијата „Дрисла“.

    „Ова место требало да биде рециклажниот центар за отпад на Скопје, но всушност овде беше една голема депонија на која имаше над 300 тони отпад. Граѓаните често се жалеа дека ѓубрето тука се пали што придонесуваше за загадување. Изминатиот период ѓубрето го исчистивме. Рециклажниот двор од денес ќе почне да функционира онака како што треба и овој простор никогаш повеќе нема да биде депонија на отпад. Ги повикувам граѓаните заеднички да придонесеме за хигиената на градот“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира