САД ГО ПОЗДРАВИЈА РЕЗУЛТАТОТ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ И ПОДДРЖАА ЦЕЛОСНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ВО СОБРАНИЕТО

    САД ГО ПОЗДРАВИЈА РЕЗУЛТАТОТ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ И ПОДДРЖАА ЦЕЛОСНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ВО СОБРАНИЕТОДржавниот секретар на САД Мајк Помпео на официјалната средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров во Вашингтон на 21 август 2018 (Фото: принтскрин од видео на Стејт департментот на САД)

    САД го поздравија резултатот од референдумот за името и изразија силна поддршка за целосната имплементација на Договорот од Преспа во Собранието, оти сметаат дека тоа за Македонија ќе овозможи заслужено место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет.

    „САД гo поздравија резултатот од референдумот во Македонија на 30-ти септември, во коj граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција“, соопшти Стејт департментот на САД по одржувањето на референдумот за името.

    „САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој ќе и го овозможи на Македонија заслуженото место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет. Сега, кога македонското Собрание ќе почне расправа за уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиската политика и да не ја испуштат историската можност да обезбедат посветла иднина за земјата, како полноправна членка во западните институции“,  се вели во реакцијата на САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира