ЗИПЛАЈНОТ ОД КАЛЕ ДО ПАРК КОЈ ГО НАЈАВИ ШИЛЕГОВ УШТЕ НЕ СЕ ГРАДИ ОТИ БИЛ УТНАТ ПРОЕКТОТ

    ЗИПЛАЈНОТ ОД КАЛЕ ДО ПАРК КОЈ ГО НАЈАВИ ШИЛЕГОВ УШТЕ НЕ СЕ ГРАДИ ОТИ БИЛ УТНАТ ПРОЕКТОТОд кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов во март најавија дека во текот на летото ќе почнат со изградба на адреналинска жичница која ќе се спушта од Музејот на современа уметност преку Вардар до Градскит парк во близина на стадионот и ќе биде туристичка атракција Скопје.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Зиплајнот кој треба да се спушта од тврдината Кале до Градскиот парк во Скопје, не се гради уште, оти првиот проект бил утнат па се правел нов.

    Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов во март најавија дека во текот на летото ќе почнат со изградба на адреналинска жичница која ќе се спушта од Музејот на современа уметност преку Вардар до Градскиот парк во близина на стадионот и ќе биде туристичка атракција на Скопје. Но, зиплајнот не само што не почна да се гради летово, туку сè уште не е распишан тендер за изведувач на градежните работи.

    Првиот проект не можел да се изведе оти точката од која треба да почнувала жичницата била под висок агол и се покажало дека постои опасност при спуштањето. Затоа се барало друга локација за почетна точка, исто на Кале и според неа се правел нов проект.

    „Работите сега се при крај, наскоро ќе биде распишан тендер за изведувач. Поместана е почетната точка десет метри, а постапката трае подолго бидејќи станува збор за осетлива локација и треба да ги преземеме сите потребни активности пред Упарвата за заштита на културното наследство“, вели Шилегов.

    Како што најавија во март од кабинетот на Шилегов, зиплајнот ќе биде во должина од 400 метри, ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето. Со него ќе стопанисува ЈСП „Скопје“ или приватен концесионер.

    „За изградбата на оваа нова туристичка и рекреативна содржина предвидено е да се потрошат меѓу 2 и 3 милиони денари. При тоа,процесот на градење не предвидува градење на објекти кои непотребно би зафаќале дополнителен простор на почетната и крајната точка од жицата. Зиплајнот во Скопје ќе ја зголеми туристичката и рекреативна понуда на градот и несомнено ќе го стави Скопје во редот на модерните европски градови кои посветено работат на унапредувањето на туризмот преку изградба на атрактивни објекти со потенцијал да привлечат нови туристи од земјата и регионот “, рекоа пред седум месеци од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

     

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира