И ГРУЕВСКИ И УНГАРИЈА ДА КАЖАТ ДАЛИ ИЗБЕГАЛ ИЛИ Е КИДНАПИРАН, РЕЧЕ ЗАЕВ

    И ГРУЕВСКИ И УНГАРИЈА ДА КАЖАТ ДАЛИ ИЗБЕГАЛ ИЛИ Е КИДНАПИРАН, РЕЧЕ ЗАЕВВо амбасадата на Унгарија во Тирана, Груевски најверојатно формално се изјаснил дека сака да поднесе барање за азил, што вчера го потврди и шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, иако одби да каже за која држава станува збор (Фото: М. Илиоски)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека очекува и избеганиот осуден пратеник и експремиер Никола Груевски кој бара азил во Будимпешта и Унгарија да кажат дали тој е во бегство или е киднапиран. На денешната презентација на Буџетот за 2019, Заев кажа дека уште во вторникот на 13 ноември министерот за внатрешни работи на Унгарија се јавил кај Спасовски и потврдил дека Груевски е таму и дека барал азил и оти тие остануваат наши пријатели.

    „Секоја амбасада и дипломатско возило се екстериторијалност и од тој аспект јавно прашувам дали е во бегство или е киднапиран“, рече Заев (Фото: К. Попов)

    „Секоја амбасада и дипломатско возило се екстериторијалност и од тој аспект јавно прашувам дали е во бегство или е киднапиран“, рече Заев. Тој не образложи врз основа на што се темели сомнежот за киднапирање.

    Во Македонија се отворени две истраги. Истрага од внатрешната контрола на МВР да се види дали има одговорност кај некого за бегството на Груевски, како и од Јавното обвинителство за организиран криминал.

    „Да не се шпекулира,  Груевски е во Будимпешта. Сите иформациите се доставени. Во Албанија и Црна Гора не се води истрага, туку тука. Има две истраги, една води внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи, а друга на Јавното обвинителство за бегството на Груевски. Кога ќе заврши истрагата, МВР ќе ги соопшти сите детали. Истрагата треба да утврди како избегал Груевски од Македонија“, изјави Заев.

    Тој кажа дека бегството на Груевски нема врска со она што се случува во Парламентот, кој е најважен процес за евроатлатските интеграции.

    „Очекувам дека ќе расте бројот на мнозинството во Собранието. Верувам во одговорноста на пратениците која е историска“, рече Заев.

    МВР распиша меѓународна потерница по Груевски на 13 ноември, два дена откако тој веќе стигнал во Унгарија каде побара политички азил

    Груевски со македонската лична карта и унгарското дипломатско возило од Албанија преку Црна Гора влегол во Србија и оттаму стигнал во Унгарија, објави Дојче веле повикувајќи се на анонимни извори во Црна Гора. Изворите за Дојче веле потврдиле дека Груевски од Црна Гора го продолжил кон Србија. Претходно вчера, со официјалното соопштение црногорската полиција рече дека Груевски влегол во земјата на 11 ноември со автомобил преку граничниот премин Божај. Влегол со лична карта, а излегол истиот ден со истиот автомобил во правец на Србија. Во унгарската амбасада во Тирана, Груевски најверојатно формално се изјаснил дека сака да поднесе барање за азил, што вчера го потврди и шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, иако одби да каже за која држава станува збор.

    Во унгарската амбасада во Тирана, Груевски најверојатно формално се изјаснил дека сака да поднесе барање за азил, што вчера го потврди и шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, иако одби да каже за која држава станува збор.

    Груевски се јави од Будимпешта на 13 ноември и кажа дека бара азил од унгарските власти. Ден претходно, македонската полиција го бараше дома, кај мајка му и во гаражата кај партиското седиште во центарот на Скопје. Тој на 9 ноември требаше да се пријави во затворот во Шутка на издржување на двегодишна затворска казна за „Тенк” на СЈО за набавката на мерцедесот од 600.000 евра.

    Е. БОЧВАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира