ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ПРОПУШТА САМО БРЗА ПОМОШ, БЛОКИРАНИ ТРИ МОСТА ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ПРОПУШТА САМО БРЗА ПОМОШ, БЛОКИРАНИ ТРИ МОСТА ВО СКОПЈЕ

    Само возила на Брза помош го поминуваат мостот Гоце Делчев. Шарената револуција го блокираше точно напладне, заедно со мостовите Слобода, кај МНР и Мајка Тереза кај МАНУ. Откако почна блокадата стигнаа две возила на Брза помош за кои веднаш беше направено место да поминат.

    dvojka na ceode delcev

    Остануваат уште два дена до истек на рокот за исполнување на барањата на Шарената револуција Фото: СДК.МК

    На празниот дел од мостот Гоце Делчев, насоката кон Автокоманда, демонстрантите напишаа голема двојка, симбол на двата дена што остануваат до истек на рокот за исполнување на нивните барања Уставен суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и запирање на прогонот на демонстантите.

    „Уставен суд сè уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине? Додека обројуваме за одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите сè уште трае. Наместо повлекување на пријавите, добиваме информации за нови прекршочни и кривични пријави. СЈО сè уште е под закана! Демонстрантите сè уште се под закана! Затоа, ајде уште еднаш заедно да им ја покажеме нашата бескомпромисност“, велат од „Шарената револуција“.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира