НЕ Е ВРЕМЕ ЗА БОРБА И ИЗБОРИ, ТУКУ ЗА РАБОТА И РЕФОРМИ, КАЖАА ВО ПРЕСПА АМБАСАДОРИТЕ НА ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА

    НЕ Е ВРЕМЕ ЗА БОРБА И ИЗБОРИ, ТУКУ ЗА РАБОТА И РЕФОРМИ, КАЖАА ВО ПРЕСПА АМБАСАДОРИТЕ НА ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈААмбасадорите Томас Герберих и Кристијан Тимоние денеска засадија дрвца во Отешево, Преспа, со што се одбележа една година од Преспанскиот договор. (Фото: СДК.МК)

    Република Северна Македонија секако дека треба да добие датум за преговори за влез во Европската Унија, но има некои технички проблеми кои треба да бидат решени и мислам дека наесен ќе го добие датумот, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих на денешното засадување дрвца во Отешево, Преспа, со што се одбележа една година од Преспанскиот договор. Неговиот француски колега Кристијан Тимоние рече земјата ја чека уште многу работа.

    Истакнаа дека важно е земјите од Западен Балкан да велезат заедно како пакет во ЕУ, но тоа не значи една земја да се казнува поради друга.

    „Непходно е земјите на Западен Балкан заедно да влезат во Европската Унија, тоа е многу важно за регионот, да одат во пакет заедно. Но, секако постојат разлики меѓу државите и важно е да не се казнува една држава поради бавниот напредок на друга земја. Тоа е процес и европските членки ќе размислат за тоа. Јас мислам дека најдобра идеја е да се донесат заедно во Европската Унија“, рече германскиот амбасадор.

    Запрашан кој е неговиот коментар околу можна политичка криза во земјава ако не добие датум за преговори, Герберих рече: „Премиерот Заев направи добра работа во последните две години со стабилизација на оваа земја и мора да се задржи владата и да не се зборува за избори“.

    Тимоние, на прашањето дали ќе се загрози Преспанскиот договор ако на изборите во Грција победи Мицотакис, рече дека тоа не е негова должност.

    „Но, не е време за борба, туку да работиме. Работите, работите, уште има да работите, нови реформи и потоа ќе видиме што се може“, додаде тој.

    Викендов крај Преспанското Езеро се одржува манифестација „Запознај ја Преспа“ на која учествуваат младински организации од сите три земји кои го делат Езерото, нашата, Грција и Албанија сакајќи да покажат заедништво во регионот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира