„РЕКЕТ“, ПА „РЕКЕТ“, ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈА СПОМНУВАТЕ ТАА АФЕРА ВЕЌЕ, ПОБАРА КИРАЦОВСКИ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ, НА ШТО КУЗМАНОВСКА МУ КАЖА СЕДИ СИ И ЌУТИ

    „РЕКЕТ“, ПА „РЕКЕТ“, ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈА СПОМНУВАТЕ ТАА АФЕРА ВЕЌЕ, ПОБАРА КИРАЦОВСКИ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ, НА ШТО КУЗМАНОВСКА МУ КАЖА СЕДИ СИ И ЌУТИПратеникот од СДСМ Александар Кирацовски. (Фото: К. Попов)

    Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски на денешната собраниска седница, во реплика на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска, побара да престанат до спомнување на аферата „Рекет“. На седницата се расправа за изборот на новите министри во владата.

    „Дај престанете еднаш веќе со таа афера. ‘Рекет’ па “Рекет’! Јас ќе ви кажам дека првпат борбата против корупцијата во оваа држава почнува од страна на првиот човек во извршната власт, Зоран Заев, за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт“, рече Кирацовски.

    По ова Кузмановска излезе на говорницата.

    „Најмалку што требаше некој да излезе овде на говорницава да збори на тема ‘Рекет’ сте вие колега. Заради дигнитетот на пратениците, не кажувам во која група спаѓате вие во оваа голема афера што ја тресе власта. Мој совет е кога ќе се спомне ‘Рекет’, да си седите и да си поќутите таму!“, му кажа Кузмановска на сограѓанинот од Битола Кирацовски.

    По неа за реплика се јави пратеникот Самка Ибраимовски.

    „Од вас колешке, најмалку очекував торта да почастите за оној вашион избеган лидер во Будимпешта за роденденот. Не се секирајте за Буџетот, работи како швајцарски саат”, кажа Ибраимовски.

    На седницата треба да се гласа за избор на нови министри Нина Ангеловска, кандидирана за министерка за финансии и Хисен Џемаили без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира