ДА СЕ УРНАТ ДИВИТЕ ВИКЕНДИЦИ ВО ТРПЕЈЦА АКО САКАМЕ ДА ГО ЗАЧУВАМЕ СТАТУСОТ ОД УНЕСКО, ВЕЛАТ ОД НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ГАЛИЧИЦА“

    ДА СЕ УРНАТ ДИВИТЕ ВИКЕНДИЦИ ВО ТРПЕЈЦА АКО САКАМЕ ДА ГО ЗАЧУВАМЕ СТАТУСОТ ОД УНЕСКО, ВЕЛАТ ОД НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ГАЛИЧИЦА“Во рамките за заштитеното подрачје на „Галичица“ има 470 дивоградби, а од октомври досега има уште 3 нпви. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Дваесет и девет дивоизградени викендици во селото Трпејца, лоцирани на самиот брег од Охридското Езеро, треба да бидат опфатни со процесот на уривање бидејќи се наоѓаат во строго заштитениот појас. Овие објекти негативно влијаат врз непреченото одвивање на природните процеси како и зачувувањето на статусот на Светското природно наследство заштитено од УНЕСКО, предупредуваат од Националниот парк „Галичица“.

    „Имаме доставено дополнителен список на бесправно изградени обејкти кои сметаме дека треба да бидат приоритет во некоја следна акција на уривање, бидејќи силно влијаат врз непреченото одвивање на природните процеси“, вели Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата на Јавната установа Национален парк „Галичица“.

    Од Националниот парк „Галичица“ велат дека само во последниве два месеци во строго заштитеното подрачје се регистрирани три нови дивоградби на атрактивна локација кај Трпејца.

    „Од октомври навака, затекнавме три активности на градење. Бесправно изградени објекти има многу и државата треба некако да се справи со нив. Во најголем број случаи се работи за изградба на викенд куќи на само 50 метри од езерото каде е зоната на строга заштита. Имаме и узурпација на државно земјиште. Доколку градбата е на земјиште на државата се обраќаме и до Народниот правобранител. Тоа е атрактивно и вредно земјиште“, вели Бојаџи.

    Според поднесените барања за легализација, бесправно изградени објекти во рамките за заштитеното подрачје на „Галичица“ има 470.

    Крајбрежјето на Охридското Езеро со години е најатрактивна локација за градба. Во 2000 година  беа урнати диво изградените викендици во Трпејца, но оттогаш па навака постојано никнуваат нови нелегални објекти.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира