ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕЛЕС ДА ПОСТАВИ ПОВЕЌЕ МЕРНИ ИНСТРУМЕНТИ БЛИСКУ ДО ЗАГАДУВАЧИТЕ ЗА ДА СЕ УТВРДИ ДАЛИ ВОЗДУХОТ Е ЗАГАДЕН, БАРААТ ЕКОЛОГИСТИТЕ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕЛЕС ДА ПОСТАВИ ПОВЕЌЕ МЕРНИ ИНСТРУМЕНТИ БЛИСКУ ДО ЗАГАДУВАЧИТЕ ЗА ДА СЕ УТВРДИ ДАЛИ ВОЗДУХОТ Е ЗАГАДЕН, БАРААТ ЕКОЛОГИСТИТЕЕкологистите побараа од локалната власт да ја спроведе одлуката на Советот на Општината за поставување мерни инструменти на локации близу до загадувачите, со кои ќе се мери квалитетот на воздухот во Велес. (Фото: СДК.МК)

    Информацијата која минатата седмица се пласираше во јавноста, дека Велес се гуши во згаден воздух е лажна вест, беше кажано на трибината која ја организираше Еколошкото друштво Вила Зора, а на која темата беше поставување мерни инструменти, одлука која ја донесе Советот на Општина Велес што градоначалникот треба да ја спроведе. За да не се повторни ваква лажна вест, потребно е да се постават што повеќе мерни инструменти, на повеќе локации во Велес, рекоа учесниците на трибината.

    „Ако има повеќе мерни станици, за што се залагаме, можеме да кажеме се согласуваме или не се согласуваме дека има енормно загадување во Велес. Секогаш постојат лажни вести“, кажа Христина Најдовска-Илиевска од Европска развојна иницијатива.

    Од почетокот на месецов според веб страницата од Министерство за животна средина и просторно планирање, кое управува со Државната мрежа за квалитет на воздухот, инструментите покажуваат дека ниту еден ден, освен на 15 септември, не е надмината граничната вредност на ПМ10 од 50 микрограма на метар кубен.

    На трибината, учесниците побараа од локалната власт да ја спроведе одлуката на Советот за поставување мерни инструменти на локации близу до загадувачите, со кои ќе се мери квалитетот на воздухот во Велес.

    „Во градот има една мерна станица која не е познато кога функционира, кога не. По реакциите, добивам впечаток дека постојат паралелни податоци кои се објавуваат во јавноста и се создава лажна слика за квалитетот на амбиенталниот воздух. Но, со поставување на повеќе мерни станици на повеќе локации во градот ќе се добијат точни податоци. Ако се покаже дека тоа се лажни вести, државата има инструменти преку кои ќе ги санкционира тие кои пласираат лажни вести“, рече Киро Ристоски, претседател на здружението Флоразон.

    Од почетокот на месецов според на веб страницата од Министерство за животна средина и просторно планирање, кое управува со Државната мрежа за квалитет на воздухот, инструментите покажуваат дека ниту еден ден, освен на 15 септември, не е надмината граничната вредност на ПМ10 од 50 микрограма на метар кубен. Во вторникот биле измерени 52,56 мг/м3. Учесниците побараа граѓанските здруженија, невладините и еколошки организации да извршат притисок врз локалната власт да се почитува одлуката на Советот и Општина Велес да постави мерни инструменти за квалитетот на воздухот.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира