ГРАФИТИ СО РУСКА ПРОПАГАНДА ИСПИШАНИ НИЗ ШИРОК СОКАК ВО БИТОЛА

    ГРАФИТИ СО РУСКА ПРОПАГАНДА ИСПИШАНИ НИЗ ШИРОК СОКАК ВО БИТОЛАГрафитите „Z рф“, една од ознаките на руската армија која стана симбол на воената инвазија на Русија врз Украина, се испишани на фасади од објекти на Широк сокак во Битола, меѓу кои и на Кино Манаки. (Фото: СДК.МК)

    Графити со букви „Z рф“, една од ознаките на руската армија која стана симбол на воената агресија на Русија врз Украина, деновиве се испишани на фасади од објекти на Широк сокак во Битола, меѓу кои и на Кино Манаки. Универзитетските професори учесници на „Катедра Аденауер 2022: ЕУ по руската инвазија – нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан“ во Битола ги осудија графитите и изјавија дека шират руска пропаганда која ја поддржува руската воена агресија врз Украина.

    „Вакви графити во еден град космополитиски како Битола, каде на 500 до 800 метри имате православна црква, џамија и синагога, не ја изразуваат мултикултурноста и големината на битолчани. Графитите треба да се осудат како израз на постоење поединци и организирани групи кои шират руска пропаганда. Да не се потценуваат зашто се израз дека постојат структури контролирани однадвор и претставува процес на ширење на лажни информации и лажен патриотизам надвор од националните интереси на сите граѓани во Македонја“, рече Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност во Скопје.

    На Конференцијата беше успатено барање и политичките партии и институциите во Битола да ги осудат графитите.

    „Без разлика под кое знаме, жртвите и рушењето материјално треба да се осуди и нема простор на разумност во тој случај. Ние припаѓаме на западниот клуб на вредности и едногласно ја осудуваме рудската агресија. Било какви грешки на големите западни држави, САД или Северноатланската алијанса не се оправдување на руската агресија на Украина“, додаде Ѓуровски.

    Тој уште рече дека ова е потврда дека Република Северна Македонија е изложена на руската модус операнди операција за влијание на хибридни закани, не од надвор туку македонсдката држава е нападната одвнатре. Според него, институциите се нападнати преку Руската разузнавачка служба, за што потврда е и протерувањето на неколку руски дипломати од нашата држава. Тој побара по примерот на Софија, и кај нас за инволвирани вработени во администрацијата во безбедносните институции, МВР, МНР, за одбрана да се поведе постапка и јасно да се знае името и презимето.

    „Тука не станува збор за русофили или русофоби, туку дали сте за војна или мир. Руските култуни вредности да се тргнат настрана, зборуваме за мирот и стабилноста“, рече Ѓуровски.

    Професорите упатија и порака за забрзано членство на Македонија во ЕУ.

    „Секое одложување на почетокот на преговорите на Македонија за ЕУ само ја отвора вратата за пошироко влијание на други држави, пред се Русија и Кина. Се додека имаме статус кво за пристапување кон ЕУ можноста за поголемо влијание на овие структури ќе биде се поголемо“, рече Јован Андоновски, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

    Катедрата во Битола ја организираа Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 и Битолскиот универзитет.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира