КОЛА ПАДНА ВО ВАРДАР КАЈ ХОТЕЛОТ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“ ВО СКОПЈЕ

    КОЛА ПАДНА ВО ВАРДАР КАЈ ХОТЕЛОТ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“ ВО СКОПЈЕВозилото целосно е пропадното во реката и во моментов екипи на Пожарна и МВР работат на негово извлекување. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Кола утрово падна во реката Вардар на кејот кај хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Во моментов, екипи од Бригадата за противпожарна заштита и тимови од Министерството за внатрешни работи се обидуваат да го извадат возилото од реката.

    „Во моментов, пуштаме сајли за да ја врземе колата и да почнеме да ја вадиме. Таа целосно е пропадната во реката, најверојатно заглавена во дупка. Немавме дојава дека имало лице во возилото“, вели Владимир Симоновски, командир на скопската Пожарна.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека околу 8 часот од случаен минувач им било пријавено дека во реката Вардар, поточно во близина на пешачкиот мост кај болницата „Систина“, забележано е возило марка „поло“.

    „Упатени се полициски службеници на лице место, се работи на извлекување на возилото“, велат од МВР.

    Во декември 2017, во Вардар кај Македонскиот народен театар падна колата на актерката Весна Петрушевска.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари