КУТИИ ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРИТЕ ВО АТИНА НА МЕСТАТА КАДЕ ШТО ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА 55-ГОДИШНИНАТА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

    КУТИИ ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРИТЕ ВО АТИНА НА МЕСТАТА КАДЕ ШТО ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА 55-ГОДИШНИНАТА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТДосега во пожарите што ја зафатија Атина загинаа 80 луѓе, а над 180 се повредени.(Фото: Катимерини)

    Кутии за помош на настраданите во пожарите во Атина, ќе постави Град Скопје на локациите каде вечерва и утре ќе се одржат настани за одбележување на 55-годишнината од земјотресот во 1963 година.

    „Вечерва во галеријата на графити во Градскиот трговски центар графити галерија и утре во Младински културен центар, Музеј на Град Скопје и Музеј на современа уметност ќе бидат поставени кутии за донација на финансиски средства кои ќе бидат наменети за помош на настраданите од пожарите што ја зафатија околината на Атина“, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

    За утре во 12 часот закажана е вонредна седница на Советот на Град Скопје на која единствена точка на дневен ред одобрување помош од еден милион денари за настраданите и штетите предизвикани од пожарите.

    „Скопје стана град на солидарност и хуманост по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа над 1.000 луѓе. Веднаш по катастрофата целиот свет застана зад Скопје. Град Скопје како град на солидарност одлучи да даде помош на настрадани во катастрофалните пожари кои предизвикаа штета од немерливи размери“, се вели во образложението на градоначалникот Шилегов.

    Досега во пожарите што ја зафатија Атина загинаа 80 луѓе, а над 180 се повредени.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира