МАКЕДОНИЈА Е УБАВА АМА СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ, ПОТСЕТИ БЕЈЛИ НА ПРЕМИЕРАТА НА „ОКЕАН ОД ПЛАСТИКА“

    МАКЕДОНИЈА Е УБАВА АМА СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ, ПОТСЕТИ БЕЈЛИ НА ПРЕМИЕРАТА НА „ОКЕАН ОД ПЛАСТИКА“Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли ја претстави премиерата на наградуваниот документарец “Океан од пластика“ во Скопје (Фото:СДК.МК)

    „Океан од пластика“, наградуван авантуристички документарец од Хонгконг за енормното загадување на океаните со пластичен отпад и колку пластиката е штетна на животот во водите, вечерва имаше премиера во Скопје. Наградуваниот филм, снимен во над 20 локации во светот, го претстави  американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, кој рече дека нема да зборува за политика туку за животната средина. Бејли рече дека од филмот може да се видат повеќе начини на справување со пластичниот отпад и раскажа едно негово искуство во Македонија  за проблемот со собирањето на отпадот.

    „Бевме на планинарење во националниот парк Маврово. Видовме убава природа, преубаво зеленило, но за жал и куп од ѓубре. Изгледа некој бил на излет и го оставил целото ѓубре зад себе. Јас и телохранителот го собравме ѓубрето. Што мислите колку време ќе му требаше на тој отпад да се распадне?“, рече Бејли. Додаде дека се надева  оти од филмот сите ќе научат дека треба да бидеме свесни и да се грижиме за животната средина.

    „Сè почнува од вас. Вие сте тие кои ги носите одлуките. Се надевам дека од овој филм сите ке научиме дека треба да бидеме свесни и треба да ја заштитиме животната средина“, рече американскиот амбасадор.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира