МВР ЌЕ КОНТРОЛИРА ДАЛИ СЕ НОСАТ МАСКИ И НЕМА ГРУПИРАЊЕ ВО ОХРИДСКИТЕ БРОДОВИ

    МВР ЌЕ КОНТРОЛИРА ДАЛИ СЕ НОСАТ МАСКИ И НЕМА ГРУПИРАЊЕ ВО ОХРИДСКИТЕ БРОДОВИСВР Охрид побара од сопствениците на бродови да воспостават редарска служба што ќе го контролира носењето маски - Полициските глисери во каналот Студенчишта (Фото: СДК.МК)

    Треба да се воведе редарска служба што ќе се грижи за безбедноста од ширење на ковид-19 при влез и за време на престојот на патници во бродот, како и редовно информирање преку разглас на патниците за неопходноста од придржување до препораките за носење на заштитна маска и држење растојание за време на пловидбата, укажаа претставници од Одделението за превенција на средбата со сопственици и капетани на бродови во Охрид, на која присуствуваа и претставници на Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро – Регионален центар Запад, претставници на Капетанија на пристаништа – Охрид и на Државниот пазарен инспекторат.

    Претставниците на СВР Охрид и на другите надлежни институции најавија континуирани контроли на сите пловни објекти кои се прикотвени или пловат по Охридското Езеро.

    На сопствениците и капетаните на бродови посебно им беше укажана неопходноста од строго придржување до забраната за групирање лица, носење на заштитни средства и користење дезинфекциони средства во пловните објекти кои се прикотвени на пристаништето или се во движење во Охридското Езеро. На бродарите им беа презентирани протоколите за работа на угостителска дејност, со посебен акцент за гласна музика и им беше укажано за неопходната примена на мерките за безбедна пловидба и на другите одредби од Законот за внатрешна пловидба.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира